НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Eвропски претставници: Договорот од Преспа е порта за влез во ЕУ

0
By Нова ТВ on September 15, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Договорот од Преспа e клуч за евроинтеграциските процеси на земјата, порта за отворање на патот на Македонија кон Европската унија. Преговорите ќе почнат само ако се спроведе договореното, а без решение за името вратата на Унијата ќе се затвори со децении.

Ова се дел од пораките што денеска ги пренесоа високи европски претставници пред претстојниот референдум на кој граѓаните треба да се изјаснат за Договорот со Грција за решавање на спорот за името, но и за европските и евроатлантските перспективи на земјава.

Зајакната дипломатска активност проследена со посета на високи претставници на меѓународната заедница продолжува, а вчера во земјава беше државниот министер за Европа при германското МНР, Михаел Рот.

Тој на интерактивната дебата „Македонија на патот на ЕУ“ одржана на Античкиот театар во Охрид во присуство на македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров порача дека Македонија испишува историја, не само национална туку и европска.

„Со Договорот потпишан со Грција за надминување на разликите околу името имаме уникатна шанса за отворање на вратите на ЕУ и НАТО. Би сакал што посокоро македонските пријатели да ги видам во групата пријатели обединети во двете асоцијации“, истакна Рот.

Високиот германски гостин ги охрабри македонските граѓани да ја прифатат оваа историска можност.

„Доколку го поддржите договорот, тоа ќе биде значаен знак дека Македонците се силно посветени на демократијата, владеењето на правото, независноста на судството. Тие ќе станат круцијален дел на обединета Европа. Мора да ја продолжиме нашата соработка, нашето пријателство, заедничките обврски. Голем оптимист сум во таа насока, истакна тој.

Самуел Жбогар, амбасадорот на ЕУ во Скопје, вчера во за регионалниот веб-портал „Јуропијан Вестерн Балканс“ истакна дека отворањето на преговорите за пристапување во ЕУ следниот јуни ќе биде можно само доколку договорот со Грција е целосно имплементиран.

„Референдумот е важен ден за земјата бидејќи граѓаните на него нема да одлучуваат само за договорот со Грција туку и за тоа каква иднина сакаат. Самото прашање е поврзано со членството во ЕУ и НАТО, но и да не беше така, многу е јасно дека успехот на референдумот и консеквенците што ќе следат – промената на Уставот, се предуслов за земјата да оди напред во однос на нејзините евроинтеграции, псочува Жбогар запрашан за неговите очекувања од референдумот.

Во земјава в понеделник пристигнува еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, а тој вчера во интервју за МИА порача дека без решение за името, вратата за ЕУ ќе се затвори со децении.

„Ако сега не се искористи оваа прилика, прилично сум сигурен дека вратата ќе биде затворена со децении, ако не засекогаш. Во политика треба да се биде внимателен, но во догледна иднина, ќе биде затворена и тоа ќе биде штетно за граѓаните во земјата, рече Хан за МИА.

Еврокомесарот, кој доаѓа за „Денови на медиумите“, ќе ја искористи својата посета да се сретне и со граѓани во Штип каде ќе ја пренесе оваа порака. Неговата цел, вели тој, е да им ги предочи на граѓаните импликациите од Договорот со Грција и од прогресот на патот кон ЕУ.

Тој е уверен дека, доколку Македонија ги исполни поставените услови за почеток на преговори може да смета на почеток на истите на средината на 2019. Околу условеноста на датум за преговори, еврокомесарот за проширување цени дека и без таа условеност, Македонија ќе требаше да чека најмалку една година за фактичко започнување на преговорите, бидејќи тие бараат подготвителна работа.

Поддрршката за Договорот од Преспа и за успешен референдум продолжува и следната недела. В понеделник освен Хан пристигнува и американскиот државен секретар за одбрана Џејмс Матис, а во вторник во земјава ќе престојува шефот на германската дипломатија, Хајко Маас.

ЕУ Македонија НАТО Самуел Жбогар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.