НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Њујорк тајмс“: Москва ја засилува кампањата за бојкот на референдумот

2
By Нова ТВ on September 17, 2018 ПОЛИТИКА
Извор: bojkotiramfeed.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Москва прави големи напори за неуспех на референдумот на кој на 30 септември Македонците треба да се изјаснат дали прифаќаат влез на земјата во ЕУ и НАТО, објави синоќа „Њујорк тајмс“.

Главна цел на оваа пропагандна кампања која се одвива по македонските социјални мрежи и по медиумите е спречување на ширењето на НАТО.

Весникот нацедува дека американскиот Конгрес на почетокот на 2017 година одвоил 8 милиони долари буџетски средства за борба против руската пропаганда во Македонија, но парите сеуште не се искористени.

Овие пари се дел од 120 милиони долари што Конгресот ги одвоил во 2016 и 2017 година за решително стопирање на руските напори со ширење лажни вести и хакирање во системите на демокартските институции и во изборите во САД.

– Средствата за борба против руската пропаганда во Македонија беа задржани цела година и допрва треба да бидат ефективно распределени, изјави за весникот анонимен извор.

Американската влада и доделила на Македонија дополнителни 2 милиона долари за зацврстување на владеењето на правото и борба против корупцијата. Изворот потврдил дека САД доделуваат на земјата повеќе милиони долари годишна помош во областа на безбедноста и одбраната.

– Во текот на својата престој Матис ќе ги повика Македонците да гласаат на референдумот, изјави Ерик Пеон, портпарол на Пентагон.

-Пентагон е на страната на Македонија и Матис ќе ја истакне важноста на тоа дека САД доделуваат 5 милиони долари годишна помош за безбедност и одбрана на земјата, додаде тој.

– Русија се обидува да ја убеди Македонија дека ќе биде напуштена од Запад, дека Русија има стабилно влијание на Балканот. Но тоа не е точно, изјавија од Пентагон.

– Интеграцијата на Македонија во НАТО е еден од најстрашните кошмари на Русија, изјави Пеон.

МИА од Вашингтон објави дека дипломатски извори наведуваат дека дневно на Фејсбук се појавуваат по 40 нови интернет страници кои агитираат и ги охрабруваат луѓето да го бојкотираат референдумот. Овие страници потекнуваат надвор од Македонија и го следат истиот модел на руското мешање во изборите во другите земји.

– Русите истураат големи суми пари кај опонентите на Договорот со Грција и ги поддржуваат националистичките политичари, изјави Мајкл Карпентер, поранешен висок соработник во администрацијата на Барак Обама и соработник во Пен Бајден центарот за дипломатија и глобален ангажман.

Македонија Матис Њујорк Тајмс Пентагон референдум Русија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.