НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новинарка за 27 април: Заев, Села и Џафери беа цел на толпата

2
By Нова ТВ on September 21, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Основниот суд Скопје 1 денеска продолжи судењето на обвинетите за упадот во Собранието на 27 април 2017 година. На денешното рочиште сведочеше новинарка која рече дека додека претседателот на Собранието Талат Џафери давал изјава во прес центарот, на мониторите се гледало како толпа луѓе влегува во Собранието по што некој му дал знак да запре.

„Според мојот впечаток целта беше Заев. Викаа ќе ве убиеме, шиштарски предавници, а покрај него и Џафери и Зијадин Села. Удираа со се’ што имаа во рацете, стативи од камерите, копја од знамињата, па дури и маваа со мебел. Кога се слушна истрел толпата се повлече, а за кратко време состојбата ескалираше и сите удираа по секого, па освен пратениците цел беа и новинарите. Тогаш го заработив првиот удар од постар човек кој ме удри во ѕидот и ми рече дека работам во предавничка телевизија“, рече новинарката.

Таа сведочеше дека меѓу луѓето што упаднаа во прес центарот препознала двајца соседи од кои едниот и рекол, “излегувај ќе биде гадно”.

„Полиција немаше, ама јас мислев се’ уште е рано. Пратеникот Села стоеше зад другите пратеници. Излезе напред по што го опколија и почнаа да го удираат. Еден со сива качулка кон Села замавна со дрвен стап, а истиот потоа и мене ме удри по рака. Потоа шест до осум луѓе го удираа по глава и буквално се бараше место кој да го шутне. Пред да го изнесат некој го фати за коса и се виде дека целото лице му е со крв. Додека го влечеа оставаше крвави траги“, кажа новинарката.

Таа уште се присети дека поради тоа што друга новинарка снимала со телефон, неколкумина од насилниците ги опколиле и продолжиле со насилството.

„Бидејќи колешката снимаше со телефон не’ опколија неколкумина и бараа да ги избрише снимките. Колешката ја внесоа во една просторија, а јас кога се обидов да влезам еден ме удри по лице. Отидов кон влезот каде што имаше собраниско обезбедување и низ солзи го замолив да ми помогне, бидејќи колешката е затворена сама со четворица. Тој само ми рече, неможам ништо да направам“, сведочеше новинарката.

Таа пред судот кажа и дека присутните во Собранието, таа вечер биле оставени сами на себе, без помош од полицијата. Претходно на денешното судење сведочеше и тогашниот пратеник, сега градоначалник на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш кој, според неговиот исказ, Игор Дурловски бил човекот кого тој го видел како ги насочува луѓето кон собранискиот прес центар. Денеска треба да сведочат и заменик-министерот за внатрешни работи Агим Нухиу и директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски.

Заев новинарка сведочење 27 април Села
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.