Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Русковска за 27 април: Се надевам дека и нарачателите ќе одговараат

0
By Нова ТВ on September 25, 2018 ПОЛИТИКА
Фото: Макфакс
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 25, 2018 13:45

Ако сметав дека треба да биде повикан Никола Груевски да сведочи за 27 април, ќе го повикав. Тој дента не беше во државата. Не знам на кои околности ќе го испрашува одбраната ако го повика да сведочи, рече обвинителката Вилма Рускоска за настаните од 27 април, одговарајќи на новинарско прашање за информациите дека одбраната го предложила поранешниот премиер да биде сведок во постапката.

Во изјава за медиумите Рускоска посочи дека во интерес на обвинетите е судската постапка да заврши што побргу.

– Не е точно дека рочиштата траат и по 13 часа, го следите судењето, знаете дека има долги пауза. Со ништо не е нарушено правото на одбрана на обвинетите. Бидејќи сите на почетокот се изјаснија дека не се виновни, тогаш во нивен интерес е да се заврши постапката за евентуално да докажат и да можат што побргу да бидат ослободени – изјави обвинителката.

Обвинителката Вилма Русковска, на новинарско прашање, рече дека се уште е во предистрага предметот за нарачателите за насилството во Собранието.

-Јас стварно се надевам дека ќе има одговорност, рече Русковска.

Таа зборуваше и за преквалификација на делото кое им се става на товар на обвинетите- терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, за кое рече дека е истото уште од отворањето на истрагата и не е точно дека првично било тероризам.

Случајот бил ставен на колегиум пред обвинители и од републичкото и од вишото јавно обвинителство, рече таа, и сите обвинители застанале зад мислењето дека станува збор за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Прашана дали се чувствува безбедна, обвинителката Рускоска, кусо и отсечно одговори со да.

Судењето продолжува по еден час пауза, каде ќе бидат сослушани уште тројца сведоци.

На денешното продолжение на судењето за крвавиот четврток сведочеше Ацо Ангеловски, поранешен телохранител на Оливер Спасовски.

Претседателот на судечкиот совет Добрила Кацарска, пред почетокот на судењето кажа дека во однос на реакциите за траењето на судските рочишта, тоа е поради економичност на судскиот процес и согласно конвенцијата на европскиот суд за човекови права, која голем акцент става на правото на судење во разумен рок.

За случувањата во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година обвинети се вкупно 33 лица од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.

Меѓу обвинетите се повеќе пратеници, вработени во МВР и собраниското обезбедување, уметници и граѓани.

 

27.април Груевски нарачатели Русковска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 8, 2026

Мај поскап за уште 4,8 отсто

ВЕСТИ June 8, 2026

Трошоците на животот во мај годинава, во однос на мај лани, бележат зголемување од 4.8…

32 Конгрес: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

June 6, 2026

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

June 6, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.