НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џафери: Имаме шанса да избереме меѓу перспектива и статус кво

0
By Нова ТВ on September 26, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

-Верувам дека граѓаните ќе знаат да ценат и да оценат што е суштински, историски моментум за да решат за својата иднина, а не да останат заробеници на минатото, вели претседателот на Собранието Талат Џафери во интервју за 1тв.

Смета дека критиките дека е „диво“ избран и „диво“ ќе ја спроведе процедурата по секоја цена, се резултат на противењето на референдумот и спротивни на интересот на граѓаните и на државата. Според него, граѓаните, државата и институциите се пред историско искушение, дали ќе тргнат кон перспективна и просперитетна иднина во НАТО и ЕУ каква што веќе почувствувале луѓето од дијаспората.

-Нашите граѓани, институции и држава немаат причина да бидат дел од некое минато и да останат во вакуум во којшто нема јасна перспектива што ќе се случи ако решиме да останеме во статус кво, ако ги имаме пред вид сите глобални, геостратешки и геополитички придвижувања во регионот и светот, вели Џафери.

Како што вели, странските пријатели се сигурни дека се внимава околу балансот на силите, затоа што и владата и мнозинството покажале сенс дека го слушаат тоа што треба да се слуша, но дека не прифаќаат ултиматуми, што значи дека постигнале инклузивен процес.

-Референдумот и потребата за уставни измени не се работа на политичките партии и теснопартиски интереси, туку работи што ја решаваат иднината на граѓаните во однос на статусот граѓани на ЕУ, со сите придобивки за исполнување и спроведување на европските вредности и историски момент да се детерминира државотворноста, во смисла дека секој поединец… сега му се обраќам на делот од граѓаните од македонската заедница, кои треба да разберат суштински, а не емотивно, дали сакаат ова парче земја да биде ПЈРМ, која во суштина не е Р. Македонија како што им се пропагира или ќе се дефинира меѓународниот субјективитет на државата, која ќе го добие печатот и поддршката од граѓаните, без оглед на која заедница и припаѓаат, за да може да продолжи во иднина да биде признаен и прифатен меѓународен субјект со име и презиме зачувувајќи ги сите емотивни аспекти што ги поврзуваат луѓето со државата, вели Џафери и додава дека Договорот ги исполнува емотивните потреби на граѓаните и обезбедува меѓународен субјективитет на субјектот Р. Северна Македонија, која ќе биде признаена и прифатена во сите евроатлантски институции.

Џафери ги отфрла како невозможнио сите теории на кампањата за бојкот на референдумот, според кои Грција ги диктира уставните измени што треба да ги направи Македонија.

Тој објаснува дека амандманите не ги предлагаат ниту Заев, ниту Ципрас, туку тоа може само Владата, претседателот на државата, 40 пратеници или 150 илјади граѓани со потпис кај овластен предлагач.

 

амандмани Договорот референдум џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.