НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хамилтон со петтата Ф1 титула се израмни со Фанџо: Ова е нестварно

0
By Нова ТВ on October 30, 2018 СПОРТ
Фото: formula1.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Луис Хамилтон ја освои петтата титула во Формула 1 шампионатот со што се израмни со легендарниот Аргентинец Мануел Фанџо. Британецот во болидот на Мерцедес заврши како четврти во трката за ГН на Мексико што беше доволно и математички да се одржи на врвот во генералниот пласман на две трки до крај на сезоната.

„Чувството е чудно. Ја освоив титулата што, сепак, не ја осигурав во Мексико туку со напорна работа низ целата сезона. Со Мерцедес сум поврзан од мојата 13 година. Фанџо, кој ужива статус на легенда, исто така освојуваше титули со Мерцедес. Сето ова што се случува е нестварно“, порача Хамилтон по настапот во Мексико.

Рекордер по бројот на освоени Ф1 титули и натаму е Германецот Михаел Шумахер со седум. Хамилтон има две помалку, откако претходно победуваше во 2008 година, во 2014 година, во 2015 година и во 2017 година. Во Мексико не беше конкурентен поради пневматиците и се соочи со проблеми да остане во трката што на крајот му припадна на Макс Ферстапен.

„Трката беше тешка. Добро почнав меѓутоа подоцна не знам што се случи и важно ми беше само да завршам. Сакам да се заблагодарам на семејството, на најблиските, посебно на татко ми и екипата без чија поддршка немаше да успеам во ова“, додаде Хамилтон.

Честитки до британскиот возач на Мерцедес упати и Себастијан Фетел од Ферери, неговиот најголем ривал за титулата. Германецот притоа призна дека Хамилтон бил подобар пилот од него во оваа година.

„Трипати во животот имав ваков вид на разочарување кога еден ден сфаќате дека не можете до титулата. Таквите денови не се среќни. Тоа беше случај и во 2009 година и лани. Како екипа имавме свои прилики, но на крај се покажа дека не бевме доволно добри. Луис возеше извонредно низ цела 2018 година. Му реков дека ја заслужи титулата, да ужива во неа и да продолжи во ист стил и наредната сезона, а јас ќе се обидам да дадам максимум. Петти трофеј, мислам дека е нешто неверојатно“, изјави Фетел.

До крај на сезоната во Формула 1 шампионатот преостануваат уште две трки. Претпоследната ќе се вози за ГН на Бразил (9-11 ноември), завесата ќе се спушти во Абу Даби (23-25 ноември). Луис Хамилтон е лидер со 358 бода пред Себастијан Фетел на второто место со 294 бода и неговиот клупски колега, Кими Раиконен на третото со 236 бода.

ГН на Мексико Луис Хамилтон Себастијан Фетел Формула 1
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.