Не одигра ниту гем, а веќе е во третото коло на Мастерсот во Париз. Роџер Федерер беше слободен во првото коло и без борба мина во второто, откако Канаѓанецот со црногорско потекло Милош Раониќ се предаде на неколку часа пред настапот во „Берси“.
Нареден ривал на Швајцарецот во француската престолнина ќе биде Италијанецот Фабио Фоњини кој исто така сè уште нема одиграно меч во Париз. И тој во второто коло не мораше воопшто да излезе на терен по откажувањето на Мартон Фучович од Унгарија.
Победи во второто коло претходно остварија Џон Изнер, Кеи Нишикори, Александар Зверев, Григор Димитров и Џек Сок.
Нишикори во два сета беше подобар од Французинот Андре Манарино со 7:5, 6:4, Зверев со 6:4, 6:4 го елиминира Френсис Тифо, Димитров го совлада Роберто Баутиста Агут со 7:5, 6:4, Изнер славеше над Кукушкин со 6:3, 6:7, 7:6, Сок го победи Ришар Гаске 6:3, 6:3.
АТП Мастерс во Париз
Изнер (САД) – Кукушкин (Русија) 6:3, 6:7, 7:6
А. Зверев (Германија) – Тифо (САД) 6:4, 6:4
Димитров (Бугарија) – Баутиста Агут (Шпанија) 7:5, 6:4
Нишикори (Јапонија) – Манарино (Франција) 7:5, 6:4
Сок (САД) – Гаске (Франција) 6:3, 6:3