Лестер го доби првиот меч по саботната хеликоптерска несреќа во која загина неговиот сопственик Вишај Шриваданапраба. „Лисиците“ во рамки на 11 коло во Премиерлигата славеа во Кардиф над истоимениот домаќин со 1:0. Стрелец на единствениот погодок беше Демарај Греј во 55 минута, момент што фудбалерите го прославија емотивно со истакнување на маичките под дресовите на кои пишуваше „За Вишај“.
https://www.youtube.com/watch?v=Jt0ueJYrq74
Според најавите од Островот, екипата на Лестер од Велс ќе отпатува во Тајланд на погребот на Шриваданапраба. Будисичката церемонија почна во храмот Тепсирин и трае неколку дена со читање молитви.
„Лисиците“ заминуваат на последен поздрав со нивниот газда како десетопласирани на табелата во Премиерлигата со 16 бода (пет победи, реми и пет порази).
Премиерлига, 11 коло
Кардиф – Лестер 0:1
Евертон – Брајтон 3:1
Вест Хем – Барнли 4:2
Њукасл – Вотфорд 1:0
Борнмут – Манчестер јунајтед 1:2
Арсенал – Ливерпул (во тек)
Вулверхемтон – Тотенхем (20.45 ч.)