Реал Мадрид го отпочна процесот на реновирање на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, а во првата фаза од обемниот зафат влегоа и тоалетите. Па, така навивачите ќе имаат привилегија да не пропуштат шанса или погодок на својот омилен клуб додека уринираат бидејќи во иднина ќе можат да бидат во тек со настаните на тревникот преку ЛЦД дисплеи што се поставени над секој писоар.
Но, Реал Мадрид, сепак, не е првиот клуб што се досети на вакво нешто. „Кралевите“ во случајот ја копираат идејата од раководството на Легањес кое прво реши да инсталира дисплеи на писоарите на стадионот „Мунисипал де Бутарке“.
Реновирањето на „Сантијаго Бернабеу“ ќе чини 400 милиони евра. Сите зафати се планирани да завршат до 2021 година до кога стадионот треба да добие и подвижна кровна конструкција.