Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ангеловски пред Лихтенштајн и Гибралтар: Се зависи од нас

0
By Нова ТВ on November 8, 2018 СПОРТ
Фото: ffm.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 8, 2018 16:02

Се зависи од нас, порача селекторот Игор Ангеловски при објавата на списокот на фудбалери за последните два меча во групната фаза во Лига на нации против Лихтенштајн на 16 ноември во Вадуц и против Гибралтар на 19 ноември во Скопје. Меѓу повиканите и две нови лица за разлика од претходно. Од триото голмани излезе Давид Митов Нилсон од Норчепинг чие место овојпат му припадна на Дејан Илиев од Арсенал, а во петорката напаѓачи е вклучен Крсте Велкоски од тимот на Сараево.

„Судбината е во наши раце. Први сме во групата, имаме три бода предност во однос на најблискиот ривал, фаворити сме и очекуваме да се потврдиме како такви. Поразот во Ереван нема да дозволиме да се одрази врз атмосферата во репрезентацијата што ја градиме веќе трета година. Сплотени сме како ретко кога досега. Продолжуваме натаму кон крајната цел – прво место во групата и пласман во плејофот за Европското првенство во 2020 година“, порача Ангеловски на денешниот брифинг со новинарите.

На списокот за претстојните средби се вклучени и Езџан Алиоски од Лидс јунајтед и Елис Елмас од Фенербахче, но двајцата ќе немаат право на настап против Лихтенштајн во Вадуц. Ангеловски може да смета на нивните услуги за натпреварот со Гибралтар на арената „Филип Втори“. Во последен момент од неговите планови излегол Бесарт Ибраими кој останува во предвид кај селекторот за наредните кампањи на националниот тим, откако голгетерот на Шкендија ќе се рехабилитира од повредата.

Македонија е првопласирана во групата 4 во Д лигата на нации со девет бода, три повеќе од Ерменија и Гибралтар на втората, односно, третата позиција. Лихтенштајн е фенерџијата во конкуренцијата со три освоени бода од четири меча. Најдобрите селекции од четирите групи ќе формираат две полуфинални двојки, а победниците од нив ќе играат во финале за место на Европското првенство во 2020 година. Плејоф пресметките во Лига на нации е закажан за јуни во 2019 година.

Повикани фудбалери во репрезентацијата на Македонија за дуелите со Лихтенштајн и Гибралтар во Лига на нации

Голмани
Столе Димитриевски (Рајо Валјекано/Шпанија)
Дамјан Шишковски (Лахти/Финска)
Дејан Илиев (Арснеал/Англија)

Одбрана
Висар Муслиу (Шкендија)
Егзон Бејтулаи (Шкендија)
Кире Ристевски (Ујпешт/Унгарија)
Кристијан Тошевски (Вардар)
Ѓоко Зајков (Шарлроа/Белгија)

Среден ред
Аријан Адеми (Динамо Загреб/Хрватска)
Енис Барди (Леванте/Шпанија)
Стефан Спировски (Ференцварош/Унгарија)
Бобан Николов (Види МОЛ/ Унгарија)
Езџан Алиоски (Лидс јунајтед/Англија)
Ферхан Хасани (Ал Раед/С. Арабија)
Елиф Елмас (Фенербахче/Турција)

Напад
Горан Пандев (Џенова/Италија)
Илија Несторовски (Палермо/Италија)
Александар Трајковски (Палермо/Италија)
Иван Тричковски (АЕК Ларнака/Кипар)
Крсте Велковски (Сараево/БиХ)

Игор Ангеловски Лига на нации Македонија репрезентација фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026
shortcut
ФОКУС
August 4, 2026

Украинците за прв пат користат роботи во борба: ги спуштија зад руските линии со дрон

ВЕСТИ August 4, 2026

Украина отвори ново поглавје во развојот на модерното војување со спроведување на првата позната борбена…

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

August 1, 2026

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

August 1, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

July 29, 2026
ТИКЕР

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.