Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пратениците ќе одлучуваат за мандатот-Груевски ја чека одлуката од Суд

0
By Нова ТВ on November 9, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 9, 2018 08:26

Пратениците во Собранието денеска на пленарна седница треба да одлучуваат за одземање на мандатот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

За да се оствари тоа, потребно е двотретински мнозинство што се поизвесно е дека нема да биде овозможено, со оглед на тоа што независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и „За заедничка Македонија“ се изјаснија дека нема да го поддржат предлогот на Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.

Собраниската Комисија со мнозинство гласови во средата го прифати барањето на судот да му се одземе пратеничкиот мандат на Груевски заради издржување на двегодишната затворска казна за набавката на луксузниот мерцедес во предметот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство што пак одлуката на пратениците не го одложува извршувањето на казната

Барањето за одземање на мандатот на Груевски е според членот 59 од Деловникот на Собранието на РМ. Со него се предвидува за пратеникот осуден за кривично или друго казниво дело што го прави недостоен за вршење на пратеничката функција, известување до претседателот на Собранието да достави судот кој ја изрекол казната.

Со овој член од собранискиот Деловник е предвидено Предлог за одземање на мандатот на пратеник да поднесе Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, во рок од 15 дена од денот на добивањето на известувањето од претседателот на Собранието. По предлогот на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања за одземање на мандатот на пратеникот, Собранието води претрес на првата наредна седница, а претресот може да заврши со донесување одлука за одземање на мандатот на пратеникот или со заклучок дека нема елементи за одземање на мандатот на пратеникот. За да му биде одземен мандатот на Груевски на Собранието му е потребно двотретинско мнозинство.

Груевски не замина во затвор

Вчера истече последниот рок до кога Груевски и неговите адвокати можеа да поднесат жалби по решението на судија за извршување на санкции со кое се одби молбата на Груевски за одложување на затворската казна.

Од Судот за НОВА ТВ изјавија дека ќе се чека да пристигнат сите жалби пред да заседава Кривичниот совет. Адвокатите на Груевски потврдија дека во понеделникот попладнето ги испратиле жалбите до Судот преку пошта и тие стигнаа во Судот завчера.

Според најавите од адвокатите Груевски и  сам ќе поднесел жалба, за што рокот беше до вчера. И тој има можност да ја испрати по пошта и жалбата да стигне до Судот по два дена. Дури потоа ќе  заседава Кривичниот совет, кој треба да одлучи по жалбите во рок од 72 часа.

Доколку Кривичниот совет ги отфрли сите жалби, во одлуката ќе наведе и термин кога Груевски треба да се јави на издржување на затворската казна.

Целата оваа постапка, го одложи издржувањето на затворската казна. Според упатниот акт, Груевски вчера требаше да се пријави во Шутка на издржување на затворската казна од две години за случајот „Тенк“.

Во меѓувреме Груевски се обидува да остане на слобода и преку Врховниот суд од кој бара вонредно преиспитување на пресудата. Откако поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која е исто така осудена во Тенк поднесе жалба до Апелација, целосната документација за предметот треба да биде испратена до Врховниот суд.

Груевски жалба затвор мандат Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 2, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

ВЕСТИ June 2, 2026

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се…

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.