НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Остен во најава: Пет децении Светска галерија на карикатури во Скопје

0
By Нова ТВ on November 10, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Остен“ оваа година обележува редок јубилеј – пет децении од Светската галерија на карикатури. Беше основана од прогресивната меѓународна заедница на 6. Средби на солидарност во Скопје во 1969 година што го направи главниот град на Македонија важна референтна точка на дејноста на светската мапа. Во нејзиното подигнување и развој беа вклучени најзначајните македонски имиња во областа на карикатурата, уметници, писатели и истакнати општествени дејци како Блаже Конески (кум на името), Славко Јаневски, Ацо Шопов, Дарко Марковиќ, Ефтин Проевски, Димитар Чудо, Ане Василевски, Владо Малески, Василије Цицо Поповиќ, Панде Јаревски, Миле Попоски, Мице Јанкуловски, Владо Јоциќ, Дукан Јелен, итн.

Централниот настан е закажан на 22 ноември во Националната галерија на Македонија „Чифте амам“. Во него ќе бидат опфатени голема изложба со дела на преку 270 меѓународни уметници, доделување на награди на присутните, документарна изложба „50 години Светска галерија на карикатури.

Организаторите го истакнуваат и успешно завршениот процес на пријавување, селекција и жирирање за редовното издание на Остен Биенале на цртеж. Аплицираа 868 автори од 61 земја со вкупно 2.317 дела.

Во улога на селектор беше Италијанецот Лука Курчи, меѓународното жири го сочинуваа Манос Стефанидис (професор на државниот Универзитет во Атина и куратор во Националната галерија на Грција), Соња Абаџиева (историчар на уметност, куратор и критичар) и Мелани Зеферино (теоретичар и куратор со крос-дисциплинарна заднина и куратор на Биеналето на современа уметност на Франција). Лауреати се Французинот Пјер Сулаж (гранпри за животно остварување) и Англичанецот Хенри Мур (награда Светско културно наследство).

Биенале Карикатура Остен Светска галерија Цртеж
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.