Поранешниот премиерот Никола Груевски попладнево се огласи со статус на својот официјален Фејсбук профил во кој вели дека е во Унгарија каде што побарал политички азил од тамошните власти.
– Во последните неколку денови примив безброј закани по мојот живот. Јас сум во Будимпешта сега, и побарав политички азил од унгарските власти. Секогаш ќе останам верен на каузата на Македонија. Никогаш нема да отстапам, наведува Груевски во статусот на својот Фејсбук профил.
Засега нема потврда од надлежните македонски власти дали фејсбук статусот е веродостоен. Од МВР за НОВА изјавија дека во моментов испитуваат дали тој е пребеган во Унгарија.
Од вчера попладнето Груевски се бара со национална потерница заради издржување двегодишна затворска казна за случајот „Тенк“. На Груевски трагата му се губи од чевртокот вечерта, кога според обезбедувањето го оставиле дома.