Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На Груевски му се губи трагата во четвртокот вечерта

0
By Соња Петрушевска on November 13, 2018 ПОЛИТИКА
Фото МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 13, 2018 12:40

МВР и натаму трага по бегалецот Никола Груевски по кого од вчера е распишана национална потерница. Полицијата, по известувањето од  Судот дека е недостапен, го бараше Груевски во неговиот дом, но и околу партиското седиште на ВМРО ДПМНЕ, но не го најде.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одговрајќи на новинарско прашање за одговорноста за евентуалното бегство на Груевски кажа дека вината треба да се бара кај оние кои не одредуваат притвор.

„Јас размислувам во однос на  одговорноста на оние кои не одредуваат притвор за лица кои имаат можност да избегат од државата, што им дозволуваат да се шетаат и да ги обавуваат сите можни работи и кога ќе се донесе пресудата не се во притвор иако имаат десетици кривични дела и кривични пријави. Замислете има притвор за разбојништво и тешка кражба, а за вакви кривични дела не се одредува мерката притвор“, кажа министерот за полиција Спасовски.

Телохранителите на осудениот пратеник и експремиер Никола Груевски, последен пат се виделе со него во четвртокот навечер. Според нивните изјави тие вечерта во четвртокот околу 23 часот го оставиле дома. Од тогаш, Груевски не ги повикал.

Груевски имаше упатен акт да се јави на издржување на затворската казна во Шутка, во четвртокот на 8 ноември.

Тој претходниот ден, на 7 ноември се појави  на Комисијата за уставни прашања во Собранието, но по еден час го напушти  Собранието и од тогаш не се појавил во Законодавниот дом. Ова практично е последното појавување на Груевски во јавноста кој до тогаш редовно доаѓаше и на судските рочишта, а одвреме навреме се појавуваше и во Собранието.

Издржувањето на затворската казна на Груевски му беше одложено затоа што се пролонгираше рокот во кој тој можеше да поднесе жалба до Кривичниот совет,  пред да оди во затвор.

Имено,  судијата за извршување санкции во петокот на 2 ноември донесе решение со кое се одби молбата на Груевски за одложување на затворската казна, но оваа одлука која на неговите адвокати им беше доставена истиот ден,  Груевски ја доби дури во понеделникот кога се појави во Судот. Со ова, тој доби дополнителни денови за да ја достави жалбата до Кривичниот совет. Советот одлучуваше во петокот и му ја одби жалбата, но тогаш веќе Груевски го немаше.

Судскиот курир неколкупати во петокот се обидe да му го достави решението на Кривичниот совет, но не го наjде дома. За време на викендот, никој не се обиде да го најде Груевски – се чекаше тој самиот да се пријави во затворот во Шутка или да дојде во понеделник во Судот да го прими решението за издржувањето на затворската казна.

Судски извори за НОВА потврдија  дека Груевски не се појавил во петокот ниту во Судот, но и немал таква обврска. Според мерките за претпазливост што му биле одредени, тој требало секој прв петок во месецот да се пријавува во Судот и тоа го правел редовно. На Груевски му беше одземен и пасошот.

Од таму исто така објаснуваат дека мерките за претпазливост што му ги одредил Судот, биле потврдени и од Апелација.

СЈО бараше притвор за  Груевски, уште во јуни лани, но најпрво Судот, а потоа и Апелција го одбија барањето за притвор и му одредија мерки за претпазливост. Судот не донесе одлука за притвор за ниту еден обвинет од поранешното раководство на ВМРО ДПМНЕ за кое СЈО бараше притвор.

Дали за Груевски ќе биде распишана меѓународна потерница, треба да одлучи Судот, во координација со МВР. Меѓународна потерница се распишува ако е веројатно дека лицето избегало во странство.

До тогаш ликот на Груевски ќе остане на интернет сајтот на МВР за потраги.

Екс премиерот, покрај во случајот „Тенк“ во кој е осуден со правосилна пресуда на казна затвор од две години, обвинет е и во уште неколку случаи отворени од СЈО: Насилство во Центар, Титаник, ТНТ и Траекторија.

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 20, 2026

Американски и ирански претставници на преговори во Швајцарија

ВЕСТИ June 20, 2026

Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф и иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи ќе…

Израел и Хезболах договорија примирје

June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран, тврдејќи дека договорот спречува „светска депресија“

June 18, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.