Роџер Федерер ја забележа првата победа на завршниот Мастерс во Лондон. Швајцарецот во второто коло во групата „Лејтон Хјуит“ го совлада Доминик Тим од Австрија со 6:2, 6:3 и се врати во игра за полуфинале, откако на стартот беше непријатно изненаден од Јапонецот Кеи Нишикори.
Во вториот меч од групата,. Кевин Андерсон го декласира Нишикори со 6:0, 6:1.
Завршниот АТП турнир продолжува утре со мечеви од второто коло во групата „Гуиставо Кернтен“. Од 15 часот, Новак Ѓоковиќ ќе игра со Александар Зверев додека од 21 часот во „О2 арена“ ќе се пресметаат Марин Чилиќ и Џон Изнер, обајцата поразени тенисери во првата рунда.