Телевизијата 1Тв ноќеска објави дека врз основа на информации од нивни извори, дознаваат дека бегалецот Никола Груевски се наоѓа во вилата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, откако првата вечер во Унгарија ја поминал во хотелот „Коринтија“ во Будимпешта.
Груевски кој избега од Македонија кога требаше да замине на издржување на двегодишната казна затвор, самиот на Фејсбук објави дека се наоѓа во Унгарија, каде бара политички азил.
Унгарските служби не сакаат да коментираат додека не завршат сите постапки, со што индиректно потврдуваат дека Груевски побарал азил.
Во меѓувреме откако од МВР стаса потврда дека Груевски е во Унгарија, МВР распиша меѓународна потерница.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера изјави дека додека трае постапката за азил, Груевски не може да биде екстрадиран.