Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лига на нации: Македонија на бод до бараж за ЕП 2020

0
By Нова ТВ on November 17, 2018 СПОРТ
Фото: ffm.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 17, 2018 00:19

Македонската фудбалска репрезентација е на бод до бараж за Европското првенство во 2020 година. Вечерва во Вадуц, националниот тим го совлада Лихтенштајн со 2:0 и остана на плус три од Ерменија во пресрет на мечевите од последното коло во групната фаза. Трите бода на „Реин парк“ беа заверени во второто полувреме. Енис Барди во 53. минута го претвори во гол слободниот удар што го изнуди Горан Пандев, Илија Несторовски, по асистенција на Александар Трајковски, стави печат на четвтриот триумф во циклусот.

„Целта ја остваривме. Дојдовме по трите бода и ги освоивме и тоа е најважно иако можевме да одиграме и подобро. Голот на Барди во голема мера ни ја олесни работата. Лихтенштајн одигра добар меч“, рече селекторот Игор Ангеловски.

Аријан Адеми, како што рече Ангеловски, отпадна од комбинација поради тахикардија и несоница, Стефан Спировски поради повреда на коленото мораше да излезе од игра по 7-8 минути од влегувањето на терен. Македонија во понеделник (20.45 ч.) на арената „Филип Втори“ ќе биде домаќин на Гибралтар во последното коло, но без Горан Пандев кој ќе мора да паузира поради жолти картони, па капитенот ќе мора да почека на јубилејниот 100. настап во националниот дрес.

Во вториот меч во групата, Ерменија славеше на гостувањето кај Гибралтар со 6:2.

Лига на нации

Резултати, 5 коло

Лига А

Група 1: Холандија – Франција 2:0

Табела: Франција 7, Холандија 6 (-1), Германија 1 (-1).

Лига Б

Група 1: Словачка – Украина 4:1

Табела: Украина 9, Чешка 3 (-1), Словачка 3 (-1).

Група 4: Велс – Данска 1:2

Табела: Данска 7 (-1), Велс 6, Република Ирска 1.

Лига Ц

Група 3: Кипар – Бугарија 1:1, Словенија – Норвешка 1:1

Табела: Норвешка 10, Бугарија 10, Кипар 5, Словенија 2.

Лига Д

Група 4: Лихтенштајн – Македонија 0:2, Гибралтар – Ерменија 2:6

Табела: Македонија 12, Ерменија 9, Гибралтар 6, Лихтенштајн 3.

Лига на нации Лихтенштајн Македонија фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.