Металург го доживеа седмиот пораз во ракометната Лига на шампиони во оваа сезона. Бешикташ, попладнево во Истанбул, беше подобар од тимот од Автокоманда со 23:22 (полувреме 12:12) во рамки на осмото коло во групата Ц.
Рамазан Дене беше најефикасен на средбата со девет гола, македонскиот репрезентативец Немања Прибак постигна еден за турскиот состав додека по пет за металурзи реализираа Марио Танкоски и Анте Токиќ.
Металург во наредното коло (сабота, 17.30 ч.) ќе биде домаќин на дански Бјерингбро Силкеборг, лидер во Ц конкуренцијата.
Вечерва (19 ч.), пак, тимот на Вардар е гостин на Барселона во дербито на осмото коло во групата А во шампионската Лига на ЕХФ.