НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Југохром“ ќе постави филтри со кредит од МБПР-Еко Герила се сомнева

0
By Нова ТВ on November 21, 2018 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владата на седница вчера ја задолжи Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР) да склучи договор за кредит од 92.242.500 денари со комбинатот „Југохром“ од Јегуновце за изградба на филтерска постројка за заштита од загадување.

Кредитот ќе биде од линија на Посебниот кредитен фонд, а  вградувањето на филтрите ќе ја исполни законската обврска беа која фабриката не може да продолжи да работи и да ги ангажира вработените.

Портпаролот на Владата Муамет Хоџа на прес-конференција денеска соопшти дека кредитната линија е со рок на отплата од пет години и грејс-период од една година, а потпишаниот договор меѓу МБПР и „Јегунивце“ ќе биде и јавно објавен.

-Очекуваме конечно да биде решен проблемот со загадувањето, односно изградба на филтри во овој капацитет. Сметаме дека ова позиитивно ќе влијае на заштитата на животната средина, но и  од економскиот аспект – овој капацитет да продолжи да работи во иднина кога ќе ги исполни законските услови, рече Хоџа.

Посочи дека компанијата не може да функционира додека не ги исполни критериумите што се бараат со закон и додека не ја добие дозволата од Министерството за животна средина.

Движењето Еко Герила, објавата дека Владата ќе одoбри 1,5 милиони евра за инсталирање филтри на Југохром , ја смета како „следна манипулација со јавноста“.

-Нашите сериозни сомневања се должат на фактот дека инсталацијата на системот за филтрирање порано чинеше 12 милиони евра и беа потребни се најмалку 2 години за нивна инсталација. Југохром е затворен и нетранспарентен за медиумите да покаже што е направено досега. Не е јасно како цената на филтерите се намали од 12 милиони евра на 1,5 -2 милиони евра и поставување на истите ќе се изврши во рок од 4-5 месеци за производство со капацитет од 55%, се вели во соопштението.

Од Еко Герила потсетуваат дека Македонија потпиша и се обврза да ја почитува Архујската конвенција за пристап до информации, учество на граѓаните во одлучувањето и пристап до правда за прашањата поврзани со животната средина, и бараат целиот процес во фази да биде надгледуван од независни експерти.

-Ние не им веруваме на ветувањата на Југохром и на Владата, бидејќи со години нè манипулираа. Ние само бараме почитување на Уставот и законските акти. Како што е познато, во Македонија институциите често се ставаат на законот. Владата не треба да биде вознемирена од надзорот на независните експерти доколку системот за филтрирање, за кој тие тврдат дека ќе го инсталираа, ќе ги задоволи бараните стандарди, велат од Еко Герила.

Влада Еко Герила Југохром кредит МБПР филтри
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.