НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ го одобри договорот за „развод“ со Британија

0
By Нова ТВ on November 25, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерите на 27 земји-членки на ЕУ денеска на вонредниот самит за нацрт договорот за напуштање на Британија на ЕУ, го усвоија договорот за повлекување и политичката декларација за иднината на односите меѓу ЕУ и Британија, објави  претседателот на Европскиот совет Доналд Туск на Твитер.

Ова е резултат на 18 месечните преговори, кои започнаа со покренувањето на  прашањето за Членот 50 од страна на Лонодон, во пресрет на референдумот во 2016 година.

Според договорот на Меј, Британија ќе ја напушти ЕУ на 29 март следната година.

Премиерот на Луксембург Хавиер Бетел пред почетокот на самитот рече дека договорот е најдоброто што можело да се постигне, додавајќи дека и ЕУ и Британија направиле отстапки.

-Ќе организираме развод, не погреб, се пошегува тој.

Текстот на договорот за повлекување на Велика Британија од ЕУ и политичката декларација за идните односи беа договорени на ниво на преговарачи и сега тие треба да ја добијат политичката поддршка на лидерите на ЕУ. Преговорите траеја 18 месеци.

Шпанија вчера се договори со ЕУ за Гибралтар, што беше најголема пречка за обезбедување консензус при гласањето, со што се отвора патот за непречено одржување на денешната средба на врвот во Брисел.

Договорот за Гибралтар го обезбедија претседателот на Европскиот совет Доналд Туск и шпанскиот премиер Педро Санчез, соопштија западните медиуми.

За Меј најтешкото допрва доаѓа

По Самитот на ЕУ, следува најтешкиот дел – британската премиерка треба да обезбеди мнозинство во британскиот парламент, што во овој момент е крајно неизвесно.

Арлин Фостер, лидерката на Демократската унионистичка партија (ДУП) која обезбедува мало мнозинство во владејачките конзервативци на Велика Британија, рече дека нема да го поддржи договорот во формата во која е договорен.

Во Брисел не сакаат да коментираат што би можело да се случи ако договорот за „развод“ не помине во британскиот Парламент или ако падне Владата на Меј, но велат дека ЕУ веќе некое време се подготвува за Брегзит без договор, што би било најлоша опција. Меј вели дека би сакала Парламентот да гласа пред 21 декември.

Ако договорот добие поддршка во Парламентот, тогаш британската Влада мора да предложи закон за напуштање на ЕУ, што исто така може да предизвика енергични дебати.

На европската страна и е потребна согласност од Европскиот парламент. Гласањето во Европскиот парламент може да се одржи на почетокот од 2019 година, а теоретски тоа е можно да се направи на 28 март 2019 година, последниот ден од пленарната седница пред Велика Британија замине на 29 март 2019 година.

По ратификацијата во Европскиот парламент, договорот за раздружување мора да биде одобрен од Европскиот совет, најголемото политичко тело на ЕУ, кое ги поврзува шефовите на држави или влади. Во Европскиот совет, договорот мора да добие квалификувано мнозинство – 72 процента од 27 земји-членки (20 земји-членки), што претставува најмалку 65 проценти од популацијата во ЕУ.

Од полноќ на 29 март, Обединетото Кралство станува трета земја во однос на ЕУ и повеќе нема да може да учествува во одлучувањето во органите на ЕУ, по што следува период на транзиција.

Тој период на транзиција е договорен до крајот на 2020 година, а според политичката изјава, тој може да се продолжи до максимум две години, односно до крајот на 2022 година.

Дури по 29 март 2019 година формално може да започнат преговори за идните односи, а основата за тие преговори ќе биде политичка декларација, која само дава преглед на овие идни односи.

Најтешкото прашање во преговорите – прашањето за границата на ирскиот остров – е решено на начин што Обединетото Кралство и ЕУ ќе формираат единствена царинска територија додека не се постигне договор за идните односи.

брегзит ЕУ нацрт договор Самит
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.