НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Порошенко до Путин: Ве молам, излезете до Украина

0
By Нова ТВ on November 28, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Украинскиот претседател Петро Порошенко во интервју за Ен-Би-Си Њуз изјави дека има порака за шефот на руската држава Владимир Путин, која би сакал лично да му ја пренесе неговиот американски колега Доналд Трамп за време на претстојниот Самит на Г-20 во Аргентина.

– Мојата порака гласи: Ве молам излезете од Украина, господине Путин, изјави Порошенко.

Тој нагласи дека украинската армија е подготвена да ја брани својата земја, за што смета на ветената поддршка од САД.

– Сметаме на САД. Сметаме на американскиот народ, изјави украинскиот претседател.

Порошенко потенцира дека ако дојде до војна, Украина ќе пружи жесток отпор, нагласувајќи дека Русија „ќе плати висока цена“ ако ја нападне земјата.

– Ќе се бориме за нашата слобода, за нашата демократија, за нашата земја, порача Порошенко.

Порошенко синоќа обвини дека Русија драстично го засилила своето воено присуство на границата со Украина, предупредувајќи на опасност од „тотална војна“ меѓу двете земји.

Инаку, од денеска во Украина во сила стапи одлуката за воведување воена состојба во 10 региони долж границите со Русија и Молдавија и областите крај Црното и Азовското Море, за период од 30 дена.

Тензиите меѓу Украина и Русија ескалира по инцидентот во неделата, кога руската армија отвори оган врз три украински воени брода, кои се обиделе од Црното Море да влезат во Керченскиот Теснец. По вооружениот инцидент, руските сили ги задржаа украинските бродови заедно со 24-ца членови на нивните екипажи.

Керч Порошенско Путин Русија Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.