Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судот му одреди 30 дневен притвор на Груевски за „Талир“

0
By Нова ТВ on November 28, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 28, 2018 16:13

Kривичниот совет  на Основниот суд Скопје 1 го прифати барањето на СЈО и му определи 30 дена притвор на  обвинетиот Никола Груевски  за случајот „Талир“ сметано од денот на неговото пронаоѓање, односно лишување од слобода. Одлуката е донесена, откако Судот добил известување од Собранието дека на Груевски му е одземен имунитетот.

„Кривичниот совет при овој суд постапуваше по предлогот откако  доби допис од претседателот на Собранието, а со кој се известува советот дека врз основа на Извештајот на Комисијата за деловничко и мандатно – имунитетни прашања, Собранието  го одобрило барањето на кривичниот совет за одобрување на мерка притвор против Н.Г., пратеник во Собранието на Р.Македонија, наведуваат од Основен суд Скопје 1.

Против ова решение странките имаат право на жалба во рок од 24 часа до Апелацискиот суд – Скопје.

Во случајот Талир, СЈО поднесе две обвиненија – за незаконско финансирање на  ВМРО-ДПМНЕ и за незаконска изградба на новото седиште на ВМРО-ДПМНЕ. Првото обвиние за незаконското финансирање ги опфаќа екс лидерот Никола Груевски, други пет поранешни функционери и самата партија како правно лице.

Груевски се товари дека во периодот од 2009 до 2015 година обезбедил пари за партијата од анонимни и незаконски извори. Во оваа шема му помагале Кирил Божиновски и Миле Јанакиевски кои вршеле притисок врз газди на фирми кои имале склучено договори за јавни набавки со државни органи, јавни претпријатија или единици на локална самоуправа да исплатат готовина на ВМРО ДПМНЕ , како против услуга за добиените јавни набавки.

На овој начин, партијата според обвинението „заработила“ повеќе од 4. 600 000 евра. За да се прикрие потеклото на парите, обвинетите Никола Груевски и Кирил Божиновски, во периодот од 2011 до 2015 година и обвинетите Миле Јанакиевски и Елизабета Чингароска, организирале парите  да бидат уплатени на жиро сметката на ВМРО-ДПМНЕ преку готовински уплати на ПП10 уплатници во кои биле внесени невистинити податоци дека уплатата ја вршат лицата наведени во уплатниците, иако тоа не било случај.

По ова обвинетите  Димовски,  Чингароска, Ристоски и Јанакиески, како овластени потписници на сметката на партијата иако знаеле дека парите потекнуваат од кривично дело, истите ги пуштиле во натамошен оптек и со нив се купувал недвижен партиски имот.

Груевски притвор Талир
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.