НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Случај МПЦ и Антиќ: Земјиштето купено двојно поевтино

0
By Соња Петрушевска on November 29, 2018 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Земјиштето спроти хотелот Холидеј ин е купено по багателна цена која е двојно пониска од пазарната.

Фирмите Обновители- која припаѓа на МПЦ и на Зоран Антиќ, заедно со фирмата на Зоран Антиќ и неговата сопруга Тања- М.Г Фешн  платиле по 300 евра за квадрат за земјиштето.

Но, според документ до кој дојде НОВА, ова земјиште претходно е проценето дека вреди 640 евра по метар квадратен.  Вредноста од 640 евра ја утврдил проценител за имотот на МПЦ кој е на истата градежна парцела и тоа уште уште во 2010 година.

Член од Договорот меѓу МПЦ и Антиќ – проценителот Ѓорѓи Димитровски утврдил дека вредноста на имотот на МПЦ од 3.767 м2 спроти Холидеј ин вреди 2.400 000 евра, односно 640 евра по м2

Од тогаш до денес логично е да се очекува цената на земјиштето да расте, посебно по одлуката на Општина Центар на ова парцела да се градат згради, кои се профитабилен бизнис. Но, наместо тоа цената двојно се намалува и земјиштето се продава поевтино.

Продажбата на земјиштето по ниска цена, во Министерството за транспорт го правдаат  со Уредба  која ја усвоила претходната Влада за цени по кои ќе се  продава градежно државно земјиште.

Во овој ценовник што е донесен на владина седница  на 30 август 2016 година, во времето на техничкиот премиер Емил Димитриев,  највисока цена за дооформување на градежна парцела е 19.200 денари – и по оваа цена е купено земјиште од 9.048 м2 спроти хотелот Холидеј ин.

Сопствениците Обновители и М.Г Фешн за оваа парцела платиле 2,8 милиони евра – од нив дури 2,3 милиони евра платила фирмата Обновители,  на МПЦ и на бизнисменот Зоран Антиќ. Тие добиле 7.401 м2 од оваа локација, а се сопственици на уште 3.763 – имот на МПЦ добиен со денационализија.

ОБНОВИТЕЛИ уплатиле 2,3 милиони евра за купување на 7.401м2

Фирмата М.Г Фешн за 1.647 м2, колку што добила од вкупната парцела, уплатила 500. 000 евра.

М.Г Фешн уплатиле 500 000 евра за 1.647м2

Во Министерството за транспорт велат дека тие немаат законска  обврска да побараат да се утврди потеклото на парите и упатуваат на други институции кои се надлежни за тоа.

Овие две фирми сега поседуваат вкупно 13. 640м2 во центарот на Скопје – градежната парцела која ја откупиле 100 проценти, зафаќа поголем дел од паркинг просторот спроти хотелот Холидеј ин до булеварот Кочо Рацин и Вардар.

Во апликацијата за дооформување на градежната парцела која ја поднеле до Министерството за транспорт навеле дека на ова место планираат да градат згради за колективно домување и деловни објекти.

Решение на Министерството за транспорт со кое се уважува барањето на М.Г Фешн и ОБНОВИТЕЛИ за купување на целата градежна парцела

НОВА вчера објави колкав дел од имотот во станови и деловни објекти ќе добие МПЦ. Според Договорот што го склучиле застапникот на г.г Стефан и Антиќ, парите  за доокупување на парцелата треба да ги уплати Антиќ , а по изградба на зградата на денационализраниот имот,  МПЦ  ќе добие половина од становите и деловните објекти што се на овој имот.

Ваквите бизнис врски на Црквата се неразбирливи и несфатливи за јавноста, особено што никој не очекува МПЦ да биде инволивирана во зделки во кои се делат  станови и профити.

Од Министерството за транспорт не најавуваат промени во ценовникот за откуп на градежно државно земјиште, со што се остава отворена вратата за нови вакви зделки.

Во центарот на Скопје, во близина на градежната парцела спроти Холидеј ин и ГТЦ има преостанато уште земјиште кое е државно или расцепкано по сопственици.

МПЦ се уште не одговори и на другите сомнителни случаи кои НОВА ги објави а се поврзани со финансирањето на црквата „Свети Константин и Елена“ и на кој начин биле собирани пари преку фондацијата „Свети Цар Константин“ за изградба на црквата.

земјиште М.Г Фешн МПЦ ОБНОВИТЕЛИ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.