Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека следната негова средба со севернокорејскиот лидер Ким Јонг-Ун ќе биде во јануари или февруари.
„Се разгледуваат три локации за средбата“, изјави Трамп во претседателскиот авион на враќање кон Вашингтон од Самитот на Г-20 што се одржа во Буенос Аирес.
Трамп додаде дека тој и Ким добро се согласуваат и оти имаат „добар однос“ како и дека имал намера да го покани севернокорејскиот лидер во САД.
Преговорите помеѓу Вашингтон и Пјонгјанг за прекин на севернокорејската нуклеарна програма наизглед како да се во застој по историската средба на Трамп и Ким Јонг Ун во Сингапур во јуни годинава. Двајцата лидери тогаш се обврзаа за денуклеаризација на Корејскиот полуостров, но со многу општи формулации, како и без одредување на временска рамка.