НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОН од Катовице: Состојбата со климата е алармантна како никогаш досега

0
By Нова ТВ on December 2, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Обединетите нации, на првиот ден од 24. годишна Конференција за климатски промени (ЦОП24) во полскиот град Катовице, упатија апел за многу порешителни акции во борбата против климатските промени.

„Последиците од недостаток на регулација на климата никогаш не биле толку тешки и меѓународната заедница треба да направи многу повеќе, за да се бори со нив“, изјави извршната секретарка на Рамковната конвенција на ОН за климатски промени, Патрисија Еспиноса.

Таа додаде дека „годинава се очекува да биде една од четирите најжешки години регистрирани до сега“.

„Концентрацијата на штетни гасови во атмосферата достигнаа рекордно ниво и емисиите продолжуваат да се зголемуваат. Климатските промени веќе ги засегаат заедниците на целата планета и нашата работа ја прават уште поитна“, наведе Еспиноса.

На Конференцијата што ќе трае до 14 декември учествуваат лидери на повеќе од 200 држави.

ЦОП24 е значајна поради тоа што 19 од 20. земји на Самитот на Г-20 изразија поддршка за Парискиот договор за климата од 2015 година.  Земјите пред три години во Париз се обврзаа да го ограничат порастот на глобалната температура за повеќе од два степена Целзиусови. Но, досега глобалната температура забележа пораст од еден степен поради што светот е зафатен од големи пожари, екстремни бранови на топол воздух и урагани што се многу поразорни како резултат на растечкото ниво на морињата.

Земјите учеснички во Катовице треба да се согласат на нов правилник прифатлив за сите 183 држави што го ратификуваа Договорот од Париз.

На Самитот на Г-20 беше потенцирано дека Договорот од Париз е „незаменлив“.

Катовице климатски промени конференција ОН
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.