Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Последните два уставни амандмани пред пратениците

0
By Нова ТВ on December 3, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 3, 2018 12:32

Собранието на Република Македонија на денешното продолжение на 64. седница расправа по нацрт-амандман за гарантирање на суверенитот на соседните држави, еден од четирите што ги предложи Владата, во кој ќе стои „Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави”.

Благоја Деспотоски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека Македонија веќе тоа го инкорпорирала во Уставот, но важно е да се види и што направила Грција, дали двете земији се почитуваат заемно и побра и Грција да го внесе истиов член во нејзиниот Устав.

-Ова е големо прашање и не треба за тоа да се делиме.  И затоа ми попречи што кажа министерот дека ние сме нација со комплекси. Не ние сме паметна интелегентна нација, но сме мирољубива, а знае дека попаметниот попушта оти знае дека со сила не може туку мора да се има принцип. Мора да си се цениме самите за да не ценат другите. Ако продолжиме вака не знаеме следно што ќе биде. Добро е да сме добри пријатели со соседите. Но, во оној момент кога ќе видам неискреност, подментнување и задни намери престанува пријателството. Затоа инсистирам на суштинско пријателство. Ако ние го вметнуиваме овој член во Уставот, добро е да побараме и од соседите да ги вметнат соодвтените членови од нашиот Устав а се однесуваат на членовите од Повелбата на ОН и тогаш ќе бидеме вистински пријатели, на сите ќе ни биде сеедно каде се наоѓаме дали во Грција, Албанија, Србија или во Бугарија, сите граѓани и во тие држави ги имаат истите човекови права. Пријателството треба да се заснова на  почитување на еднакви вредности. Само тогаш ќе има искрено пријатлество, рече Деспотоски.

По изгласување на овој амандман ќе започне и дебата за и за последниот предвиден со уставните измени, согласно Договорот од Преспа, а се однесува на иселениците и во него Републиката да ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство и ги унапредува нивните врски со татковината, a оти притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи.

Вчера Парламентот ги усвои два од четирите нацрт-амандмани со кои се предвидува менување на името Република Македонија со Република Северна Македонија, односно во Преамбулата на Уставот зборовите „одлуките на АСНОМ“ се заменуваат со зборовите „Прогласот од Првото заседание на АСНОМ” и се додава Охридскиот рамковен договор.

По изгласувањето на нацрт – амандманите и завршувањето на оваа фаза, Владата како предлагач на измените треба да организира јавна расправа, по што ќе следува третата и последна фаза од уставните измени, кои се прават во согласност со Договорот од Преспа.

Целосен текст на нацрт амандманите на Уставот и Преамбулата

Собрание уставни амандмани
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 17, 2026

43-тиот кочански марш за Ангелите се случи во Виница

ВЕСТИ May 17, 2026

Неверојатно е како во оваа држава секој знае што не направил ама никој не чувствува…

И Виница во протестниот марш на кочанските родители за правда за ужасот во „Пулс“

May 16, 2026

СДСМ: Нов скандал – нова бомба: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф, омилената фирма на власта

May 16, 2026

Дописничката од Белата куќа Емили Гудин: Сѐ што добивме од Кина заврши во ѓубре уште пред да се качиме во претседателскиот авион

May 15, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.