НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Градење независни правосудни институции – гаранција за заштита на човековите права

0
By Нова ТВ on December 10, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Остварувањето на правата на граѓаните почнува на микро ниво, насекаде околу нас, од домот, семејството, училиштето, работната околина… Тие се местата каде треба да се бараат еднакви права еднакви можности, почитување на достоинството без дискриминација, без тоа тие не можат да се бараат во пошироката заедница или во светот. Треба да се обезбеди независно судство, ослободено од политички, бизнис и лоби влијанија, а во судските постапки да се почитува правото на презумција на невиност и да им се обезбеди правично судење.

Ова беа ставовите на дел од учесниците на денешната Конференцијата „70 години од Универзалната декларација за човекови права: Улогата на адвокатите за заштита и унапредување на човековите права“.

Народниот правобранител Иџет Мемети истакна дека остварувањето и гарантирањето на правата на граѓаните во Македонија не е на високо ниво и оти и натаму има голема недоверба во институциите и владеењето на правото.

Годинава за 41 отсто е зголемен бројот на граѓани кои се жалат на правосудниот систем во споредба со минатата година. Лани на ова се пожалиле 576 граѓани, а годинава таа бројка пораснала на 811. Според Мемети, за 60 проценти повеќе поплаки има за правата од областа на работните односи, за имоти односи за 37 проценти и за детски права, семејно насилство, негрижа за децата … за 25 проценти.

-За жал, кај нас во континуитет имаме проблеми токму на полето на независноста на судството и владеењето на правото, што секако делува фрустрирачи за сите, особено за граѓаните кои ја губат правната сигурност и вербата во правично судење. Обврска на власите е да обезбедат услови за непречено функционирање ослободено од секакви партиско-политички стеги. Таму каде почнува политиката, завршува правото, истакна Мемети.

Министерката за правда Рената Дескоска вели дека предизвикот на Владата во битката за остварување на правата на граѓаните е уште поголема ако се има предвид, како што рече, дека Македонија штотуку излегла од она што теоријата го нарекува „заробена држава“.

-Битката за воспоствување ефикасен систем за заштита на човековите права мора да се води на неколку колосеци, правна реформа, градење институционални капацитети и ефикасни институции кои ќе ја вратат изгубената доверба, и градење политичка култура на кативни граѓани кои си ги знаат човековите права, рече Дескоска.

Независноста на судството кон која целиме, додаде таа, преставува столб на човековите права и затоа, потенцира, во таа насока се измените на законите за судови и судски совет, како и следењето на препораките на венецијанската комисија. Независноста и непристапноста на судството од политичките партии, лоби групи, бизнис интереси, судски менаџмент е клучна за обезбедување на правдата и гаранција на правата. Таа додаде и дека остварувањето на правата треба да се почне од микро ниво, од домот, училиштата и работната средина. Дури потоа, рече, може да се бара остварување на правата во пошироката заедница и светот.

Преседателот на адвокатската комора на РМ Љубомир Михајловски, која е и организатор на конференцијата, истакна дека заштитата на правата може единствено да се оствари преку овозможување на владеење на правото во државата, нешто што е потенцирано во Универзалната декларација за човековите права.

-Човековите права се под опсада низ целиот свет, универзалните вредности се уништуват, владеењето на правото се поткопува, а принципите зацртани во Универзалната декларација се релативни, рече Михајловски. Сите ние, додаде, треба да се залагаме и за сопствените права и за правата на другите тежнеењето кон заштита на човековите права.

Американскиот амбасадор Џес Бејли на  адвокатите им порача дека со својата функција што ја извршуваат треба да обезбедат дека правата од оваа декларација се повеќе од зборови на хартија, и оти како адвокати на оние кои се соочуваат со обвиненија за кривични дела, треба да обезбедат дека ситемот на правдата ги отелотворува правата вградени во документите. За поголема доверба во правдата и судството, рече, потребно е и отворање на процесите за јавноста.

Хелсиншки: До каде сме со почитувањето на универзалните принципи

Декларација човекови права конференција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.