НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нинџа vs Чавков

0
By Соња Петрушевска on December 10, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вангел Цоканчев кој бил возач на Митко Чавков на 27 април рече дека тој ден околу 18 часот од ресторанот ,,Скара бар“ во Скопје го возел Чавков до зградата на Технометал Вардар која се наоѓа зад трговскиот центар Палома Бјанка каде што Чавков, како што рече сведокот, имал приватни канцеларии.

Александар Василевски Нинџа го праша сведокот дали во зградата во која се наоѓа Технометал Вардар има лифт кој излегува на плоштадот пред седиштето на ВМРО ДПМНЕ. Сведокот потврди дека има лифт во зградата, но не знаеше да каже дали излегува пред „Белата палата“. Тој потврди дека на 27 април од 18 до 20 часот бил на паркингот на Технометал Вардар и ВМРО ДПМНЕ.

Претходно, сведокот раскажа каде се го возел Чавков на 27 април и кажа дека тој ден поранешниот директор на БЈБ го зеле од дома околу 9 и 30, и го однеле во МВР. Таму останале до 13 и 30 по што го однел Чавков на стоматолог, потоа во Сити мол и во ресторанот „Скара бар“.

Околу 18 часот заминале кон зградата на Технометал, а два часа подоцна, околу 20 часот Чавков заминал во штабот на МВР, кој бил во новата зграда на граничната полиција и таму останале до полноќ. Потоа отишле во штабот на ВМРО ДПМНЕ каде што, според сведокот, Чавков останал неколку часови.

Чавков заминал дома кога се разденувало.

И судијката Кацарска го испрашуваше сведокот да посочи кои лица биле присутни во штабот на МВР.

По неколку инсистирања на Кацарска, сведокот се сети дека го видел министерот Агим Нухиу, но не се сеќаваше дали разговарале Чавков и Нухиу. На прашање на Кацарска сведокот рече дека видел како дел од присутните во штабот зборувале на телефон или на радио врска, но не можеше да каже колку лица имало во просторијата.

Обезбедувањето на Чавков контра Нинџа

На денешното рочиште сведочеше и Никола Димитревски, кој го обезбедувал Чавков.

Тој рече дека Чавков на 27 април не бил во ВМРО ДПМНЕ во 18 часот, како што сведочеше минатата недела Александар Василевски Нинџа.

Според Димитриевски, Чавков во 18 часот бил во канцеларија која што ја имал во „Технометал Вардар“ и таму останал два часа. По ова, Чавков заминал во МВР каде што се задржал до полноќ, а потоа отишол во штабот на ВМРО ДПМНЕ за да се види со Тодоров. Сведокот кој сведочи по барање на Чавков претходно кажа и дека Чавков како директор на Бирото за јавна безбедност го обезбедувале 7 лица со три возила: „Мерцедес“, „Ауди“ и „БМВ“.

Александар Василевски Нинџа го испрашуваше Димитриевски при што го праша дали паркингот во Технометал  Вардар е ист со паркингот кој го користи ВМРО ДПМНЕ.

Сведокот рече дека Технометал Вардар и ВМРО ДПМНЕ користат ист паркинг.

Потоа и судијката Добрила Кацарска го испрашуваше Димитриевски, при што тој не можеше да се сети какви наредби давал Чавков.

По паузата, судењето ќе продолжи со сослушување на сведоци на обвинетиот Душко Лазаров.

Трајко Вељаноски утрово дојде да сведочи во Основниот суд, но судот го ослободи со образложение дека ќе биде повикан по паузата, но неговото сведочење во договор со судијката и адвокатите, останува за утре.

 

 

 

27 април сведоци Цоканчев Чавков
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.