Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Борбата против илегалната трговија со мало и лесно оружје се приоритет

0
By Нова ТВ on December 11, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 11, 2018 12:13

Министрите за надворешни и за внатрешни работи на Република Македонија, Никола Димитров и Оливер Спасовски, кои учествуваат на состанокот на високо ниво на франуско-германската Иницијатива за борба против илегална трговија со мало и лесно оружје во Западен Балкан, во своите обраќања нагласија дека оваа борба уште одамна е идентификувана како приоритет во Република Македонија, објави МИА.

Димитров нагласи дека Македонија ја поддржа Иницијативата на Франција и Германија за справувањето со  проблемот со илегално огнено оружје на Балканот од самиот почеток, свесни дека и покрај повеќегодишни активности на национално и регионално ниво,  проблемот се уште постои, како последица на различни конфликти и „културата на оружје“ на нашите простори.

– Веруваме дека илегалната трговија и пролиферација на мало и лесно оружје претставува сериозна закана, со низа последици за просперитетот, владеење на правото и човековите права, како и економскиот и социјален развој на нашите општества, рече министерот Димитров.

Утврдениот патен налог или Патоказ за изнаоѓање одржливо решение за незаконското п0оседување, злоупотреба и трговија со мало и лесно оружје и муниција во Западен Балкан до 2024 година, усвоен на Самитот за Западен Балкан во Лондон на 10 јули 2018 година, според него претставува одлична рамка, комплементарна на веќе постојните национални и регионални иницијативи, за засилување на контрола и непролиферација на мало и лесно оружје.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информираше подетално за приоритетите на Македонија за стратегијата и акциски план и измените направени од страна на Националната комисија за мало лесно оружје со цел усогласување со Патоказот. Се очекува овој документ наскоро да биде одобрен и од страна на Владата на Република Македонија.

– Владата на Република Македонија ја ревидираше Националната стратегија за контрола на мало и лесно оружје и Акциониот план во Република Македонија која се однесува за период од 2017 -2021 година. Надно, и ги инкорпорирање седумте цели дефинирани во Патоказот кои сега веќе се преточени како стратешки цели во рамки Стратегијата за контрола на мало и лесно оружје и Акцискиот план за период 2017-2021 на Република Македонија, рече Спасовски.

За таа цел приоритет на македонското Министерство за внатрешни работи  е да отпочне со изградба на информатички информациски систем кој понатаму ќе биде подготвен да се приклучи кон системите на ЕУ (SIENA, iARMSи сл.). Тој притоа ги наведе практичните оперативни аспекти, како надминување на недостатокот од полициска база на податоци во која се евидентира секоја пријава, се следи нејзиниот тек, преземените мерки, обезбедените докази (од увидот на лице место, прибрани докази од техничка, материјална, документациска природа и сл.), отворените проактивни истраги и прибраните докази во истите за лица и криминални групи па се до проследување на известувањата или кривичните пријави со доказниот материјал до надлежните обвинителства.

борба против трговија со оружје Димитров Западен Балкан Спасовски Француско -германска иницијатива
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.