НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ајде да се преброиме – нов протест на српската опозиција во Белград в сабота

0
By Нова ТВ on December 11, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерот на опозицискиот Сојуз за Србија (СЗС), Драган Ѓилас за в сабота најави нов протест на опозицијата во Белград под мотото „Ајде да се преброиме“.

Како што јави МИА од Белград, на завршната Конвенција на СЗС во Лучани, Ѓилас изјави дека в сабота повторно ќе „шетаат повеќе илјади луѓе“, додавајќи дека 90 дена по создавањето, Сојузот за Србија организирал протест со „15 до 20.000 луѓе“.

– Може претседателот на Србија, Александар Вучиќ да каже што сака дека биле две-три илјади, ние кои бевме таму и ја знаеме математиката за второ одделение, лесно можеме да пресметаме колку луѓе беа на протестите пред три дена, изјави Ѓилас.

Претседателот на Демократската партија  (ДС), Зоран Лутовац на Конвенцијата го критикуваше известувањето на РТС од протестот „Стоп за крвавите кошули”, што се одржа во саботата во Белград, посочувајќи дека телевизијата не сакала да им го прикаже на луѓето „она што се случувало под нивните прозорци“.

– Во Белград на режимските медиуми не нарекоа „грст луѓе”, а јас им порачувам – тој грст брзо може да се претвори во тупаница од бес, порача Лутовац.

Демократската партија на Србија (ДСС) денеска порачаа дека и таа ќе се приклучат на протестите на опозицијата најавени за в сабота.

Инаку во Србија во тек е полемика меѓу јавните личности и новинарските здруженија за непрофесионалното известувањето од саботните протести во Белград, особено за извештаите на ТВ Студио Б.

– Денешното Студио Б е имитација на „ТВ Бастиља” на Слободан Милошевиќ, со брутално лажење, етикетирање на неподобните, претворање на новинарските извештаи во лични кометари, новинари како политички комесари, претворање на телевизијата во гласило на партијата, оцени новинарот Зоран Кесиќ, кој порано работеше во оваа телевизија.

Новинарката на Студио Б, Барабара Животиќ известувајќи од протестите во Белград, информираше дека „се собрале далеку помал број на луѓе од очекуваното“ и „секако дека имало некој инцидент“, како и да „тоа се очекувало на ваков протест, каде организторите повикуваат на линч, силување, насилство, државен удар…“, окарактеризирајќи го протестот како лицемерен поради состојбата со Косово.

Поради жестоката реакција од критики и закани на социјалните мрежи кон новинарката на Студио Б, Обвинителството за високо-технолошкиот криминал покрена постапка, а Здружението на новинарите на Србија (УНС) повика да се почитува Кодексот на новинарите и да се прави јасна разлика помеѓу факт и коментар.

Весникот „Данас“ објави дека од оваа телевизија се отпуштени десет вработени, а деновиве ќе се отпуштат уште 20 лица како „неподобни“.

Српскиот претседтел Александар Вуќиќ во реакцијата на саботните протести во Белград изјави дека „и да се соберат и пет милони луѓе, нема да исполни ниту едно нивно барање“, притоа најостро осудувајќи ги нападите врз новинарката на Студио Б.

опозиција протести Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.