Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вељаноски: Не сум наредил да се отворат вратите на Собранието

0
By Соња Петрушевска on December 11, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 11, 2018 14:45

Ниту сум помислил ниту сум кажал некому да ги отвори вратите во Собранието, одговори Трајко Вељаноски на денешното сведочење во Судот за настаните од 27 април, кога тој претседаваше со седницата.

Вељаноски исто така рече и дека „е присутен како сведок и е под заклетва дека ќе ја зборува само вистината, а обвинетите можат да зборуваат и невистини“.

Обвинетиот Никола Митревски Кољо го праша Вељаноски  дали им дал наредба на пратениците да ги отворат вратите и, како што рече „да се направи хаос“.

Кољо праша и дали давал наредби преку вибер комуникација.

Вељановски одговори дека тоа се невистини и дека сите докази се предадени во Обвинителството.

Кољо го праша Вељаноски и дали протестите биле организирани од матичната партија на Вељаноски ВМРО ДПМНЕ, но судијката Кацарска не му дозволи да одговори, и го одби прашањето.

Обвинетиот Никола Митревски понатаму го праша Вељаноски дали „целото сценарио за 27 април е добро смислено за да се искористи народот“, на што Вељаноски одговори дека тој како претседавач само се грижел да започне и да заврши седницата и според Деловникот да биде избран претседател на Собранието.

На прашањето до Вељаноски, дали се согласува дека имало мал број полицајци и не преземале ништо да ја спречат толпата да се каче пред неговиот Кабинет, Вељаноски одговори дека внатрешното и надворешното обезбедување се под надлежност на МВР и тие одлучуваат колку обезбедување треба да има.

Претходно, и обвинетите Јане Ченто и Игор Југ му поставуваа прашања на поранешниот претседател на Собранието.

27.април Никола Митревски Кољо сведочење Трајко Вељаноски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
July 1, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

ВЕСТИ July 1, 2026

Ирска денеска го презема шестмесечното претседателство со Советот на Европската Унија од Кипар, за време…

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

June 30, 2026

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.