НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стразбур под опасада: 350 полицајци го бараат напаѓачот кој уби 4 и рани 12 луѓе

0
By Нова ТВ on December 12, 2018 СВЕТ
Фото: Getty
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Француската полиција го опколи напаѓачот, кој во престрелка во Стразбур, во близина на божиќниот базар, уби најмалку четири лица, а повредени се 11, изјави за медиумите извор близок до истрагата. Шестмина од повредените се во сериозна здравствена состојба. 

Се работи за околу 350 припадници на полицијата кои се во потрага по убиецот.

Нивото на безбедност во градот е подигнато на „опасност од напад“.

Напаѓачот е идентификуван како 29-годишен маж, а неговиот стан во областа Нојдорф претходно бил претресен во рамки на истрагата за грабеж извршен летото, при што се пронајдени гранати. 

Постои сомнеж дека напаѓачот е екстремист, но мотивот се уште не е утврден.

Париското обвинителство ќе почне истрага за во пукањето во центарот на Стразбур како за терористички напад.

Обвинител, кој е задолжен за противтерористички истраги, ќе допатува во Стразбур, соопшти неговата канцеларија.

Министерот за внатрешни работи, Кристоф Кастанер, додаде дека напаѓачот претходно и бил познат на полицијата и имал досие. Локалните власти велат дека тој од порано го свртел на себе вниманието на  разузнавачките служби.

Европскиот Парламент утрово продолжи нормално со работа по вчерашниот напад во центарот на градот.

-По вчерашниот тажен настан, ве информирам дека враќањето во Европскиот Парламент е безбедно и дека нормалните активности продолжуваат, напиша на Твитер портпаролот на ЕП, Хауме Дух.

Европскиот Парламент оваа недела е во пленарен состав во Стразбур. Повеќе стотини пратеници, асистенти, стажанти и новинари го полнат градот секој месец за време на пленарните седници. Зградата на Парламентот синоќа беше затворена, а луѓето спречени да излезат од неа.

Градоначалникот на Стразбур објави ден на жалост по нападот во градот.

напад опасада Стразбур
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.