НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иако во помал број „жолтите елеци“ повторно протестираа – 95 се приведени

0
By Нова ТВ on December 15, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Мобилизацијата на „жолтите елеци“ денеска е многу послаба во споредба со претходните саботи, јави МИА од Париз.

Ова е  петтиот дел од мобилизацијата на „жолтите елеци“ кои истакнаа бројни барања, започнувајќи од зголемувањето на цените на горивото, а сега со многу поширока даночна лепеза на барања и противења на владината политика.

Денешниот ден доаѓа само пет дена по обраќањето на претседателот Емануел Макрон во кое тој даде извесен број на гаранции за куповната моќ на Французите по што се отвори широка дебата во Франција.

Во моментов силите на редот употребуваат солзавец на Шанзелизе, откако жолтите елеци – поточно насилниците започнаа да фрлаат разни предмети врз нив.

Денешниот ден на почетокот не наликуваше многу на претходните, почетокот на денот беше многу мирен и после 14 часот започнаа првите судири. Однесувањето на полицијата и дел од демонстрантите многу наликува како пред  15  дена.

Денешната мобилизација беше многу послаба во споредба со претходните денови во повеќе градови, не само во Париз.

Во Париз излегле  околу 3 илјади демонстранти, односно низ цела Франција околу 20.000 демонстранти. Истовремено уапсени  се 95 лица, а на на 63 им беше изречена мерка притвор, за споредба минатата сабота во исто време имаше веќе  475 притворени лица. На 199 места ширум Франција има блокади.

Низ цела Франција за безбедноста се грижат 69. 000 припадници на силите на редот, со цел да се гарантира сигурноста по минатонеделните насилнички манифестации кои предизвикаа сериозна материјална штета.

Вчера вечер едно лице го загуби животот на границата меѓу Франција и Белгија, откако со својот автомобил удри во камион застанат на препречениот пат од „жолтите елеци“. Тоа е седмата жртва од почетокот на движењето.

Според некои проценки движењето на „жолтите елеци“ ги намалил приходите на трговците пред Божиќните празници за околу 2 милијарди евра.

жилти елеци Париз полиција приведени протест
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.