Александар Трајковски кој беше фотографиран со Никола Груевски во Будимпешта денеска се појави на рочиште за „Насилството во Центар“ каде е еден од обвинетите заедно со бегалецот Груевски, но одби да одговори на новинарските прашања.
Трајковски е вработен во Царинската управа на Република Македонија, и откако беше објавено дека е во Будимпешта, оттаму информираа дека тој е на боледување од 5. декември. Од Царината најавија дека ќе се утврдува дали боледувањето му е оправдано. Доколку се работи за злоупотреба, ќе бидат презмени мерки меѓу кои и дисциплинска постапка.