Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Монако ја замрзна сметката со парите од продажбата на центрите за дијализа

0
By Нова ТВ on December 21, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 21, 2018 15:08

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција доби официјално известување од Обвинителството на Кнежевството Монако дека постапило по барањето за меѓународна правна помош во предметот за доделување концесија за центрите за дијализа во Македонија.

Од Обвинителството денеска соопштија дека на надлежниот јавен обвинител, кој е во постојана комуникација со Обвинителството во Монако, ќе му биде испратена целокупната документација поврзана со предметот.

Обвинителството од Монако потврдило и дека судија претседавач на Судот во прва инстанца постапил по барањето за привремено замрзнување на банкарската сметка.

Во рамки на постапката за предметот за доделување концесијата за центрите за дијализа беше утврдено дека правното лице – концесионер на центрите за дијализа е отуѓено.

Финансиските средства од продажбата во износ од 8.281.000 евра беа префрлени на сметка во Монако и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се обрати до властите во оваа земја со барање за нивно замрзнување, додека 3.275.000 евра се замрзнати на сметки во банки во Македонија.

НОВА на 23 ноември објави дека 11 милиони евра, пари добиени од продажбата на фирмата Диамед Македонија биле префрлени на сметка во Монако, и по барање на Обвинителството за организиран криминал сметките се замрзнати.

Информацијата на НОВА, ја потврдија и од Обвинителството за организиран криминал од каде испратија соопштение во кое пишува дека:  Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција од оформувањето на предметот во врска со доделувањето на концесијата за центрите за дијализа во Република Македонија, презема низа активности за расветлување на случајот.

Вера Иванова, сопственичката на “Диамед Македонија”,   за НОВА потврди дека и се блокирани двете сметки- нејзината приватна во Тутунска банка и втората-странска, која се води на правно лице во Монако.

Иванова тврди дека досега од ниту една институција не е известена зошто и се блокирани сметките, туку тоа го открила кога отишла да го плати данокот.

“Диамед Македонија”  на почетокот на месецот беше продадена на шведската фирма “Дијаверум”, a целата работа „букна“ кога Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција побара запирање на финансиските трансакции на сметките во Монако.

Диамед Монако ОЈО; замрзната сметка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.