Тотенхем гоп одигра најефикасниот резултат во клупската историја на гостувањата на „Гудисон парк“. Спарси“ попладнево го совладаа Евертон со тениски резултат (6:2) во последниот меч од 18 коло во Премиерлигата и за еден погодок го поправија најдобриот свој впечаток на тревникот на „карамелите“ од 1928 година. Домашните, пак, за првпат примија толку голови од мечот со Челзи (3:6) во сезоната 2014/15.
По два гола за тимот на Маурисио Покетино постигнаа Хари Кејн (42’, 74’) и Јужнокореецот Сон (27’, 61’) и по еднаш во листата на стрелци се запишаа Деле Али (35’) и Кристијан Ериксен (48’). Тотенхем беше вака ефикасен гостин во завршните две кола во сезоната 2016/17 во кои, најпрво, го декласира Лестер со 6:1, а потоа и Хал сити со 7:1.
Со денешните два гола, англискиот репрезентативец, Кејн се израмни со Мо Салах на врвот на листата на голгетери во Премиерлигата. Двајцата имаат по 11 досега во сезоната, лидер е напаѓачот на Арсенал, Пјер Емерик Обамејанг со 12. За спарси, пак, ова е четврти триумф во низа против Евертон во домашното првенство. Кејн учествуваше со два голам и во претходните три победи.
Последен кој може да се пофали со таков ефект против ист ривал е Мајкл Овен како фудбалер на Ливерпул во мечевите со Њукасл во периодот од 1998 година до 2002 година.
Премиерлига, 18 коло
Евертон – Тотенхем 2:6
Кардиф – Манчестер јунајтед 1:5
Вест Хем – Вотфорд 0:2
Њукасл – Фулам 0:0
Манчестер сити – Кристал палас 2:3
Хадерсфилд – Саутемптон 1:3
Челзи – Лестер 0:1
Борнмут – Брајтон 2:0
Арсенал – Барнли 3:1
Вулверхемптон – Ливерпул 0:2
Табела: Ливерпул 48, Манчестер сити 44, Тотенхем 42, Челзи 37, Арсенал 37, Манчестер јунајтед 29, Вотфорд 27, Борнмут 26, Лестер 25, Вулверхемптон 25, Евертон 24, Вест Хем 24, Брајтон 21, Кристал палас 18, Њукасл 17, Саутемптон 15, Кардиф 14, Барнли 12, Хадерсфилд 10, Фулам 10.