Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Франција: Лидерот на „жолтите елеци“ пуштен од притвор

0
By Нова ТВ on January 3, 2019 СВЕТ
Фото: abcnews.al
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 3, 2019 20:12

Ерик Друе, неформален лидер на движењето „Жолти елеци“, е ослободен од притвор до датумот на закажаното судење по обвинението за организирање на протест без претходно да ја информира полицијата, соопштија француските обвинители.

Тој беше приведен синоќа во близина на „Плас де ла Конкор“ во Париз каде што заедно со други демонстранти планираа да запалат свеќи во чест на загинатите или повредени припадници на движењето.

Парискиот обвинител Реми Хаиц изјави дека Друе во средата објавил повик на социјалните мрежи за собир во централнозападниот дел на Париз.

„Тој беше уапсен откако ги игнорира наредбите од полицијата да се тргне од булеварот, изјави Хаиц.

Во изјава за медиумите по неговото ослободување, Друе нагласи дека сакал да бидат запалени свеќи за „повредените или убиените во Париз“, а властите „дури ни тоа не го дозволиле“. Неговото апсење го оцени како политички мотивирано.

Според податоците на француското Министерство за правда, за време на протестите на „жолтите елеци” во Франција, од 17 ноември до 17 декември, биле приведени најмалку 4.570 лица, од кои 1.567 само во Париз, на 216 им е одреден притвор, а во тек се кривични истраги за најмалку 697 лица.

За време на протестите во кои живот загубија десет лица и над 1.000 беа повредени, често доаѓаше до судир меѓу демонстрантите и полицијата, беа опожарени голем број на автомобили, а многу продавници беа ограбени.

Протестите на „жолти елеци” беа насочени против францускиот претседател Емануел Макрон, кој кон крајот на минатата година прифати некои од барањата на учесниците во протестите во врска со даночни олеснувања и економска помош.

Движењето на „жолтите елеци“ настана на 17 ноември кога започнаа протестите поради зголемувањето на даноците за гориво, а името го доби по флуоросцентните елечиња што француските возачи мора да ги имаат во автомобилите согласно Законот.

„Жолти елеци“ Ерик Друе притвор Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 31, 2026

Израелската војска го зазеде стратешкиот замок Бофор во Либан

ВЕСТИ May 31, 2026

Израелските воени сили ја презедоа контролата врз стратешки важната планина на југот на Либан, каде…

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

May 28, 2026

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.