Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тевдовски: Прогресивниот данок нема да предизвика раст на цените

0
By Нова ТВ on January 4, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 4, 2019 19:14

Прогресивниот данок нема да се одрази врз животниот стандард на населението и од неговото воведување не може да се очекува никакво зголемување на цените, бидејќи станува збор за данок на доход што ќе го плаќаат околу еден отсто од најбогатите, порача вечерва министерот за финасии, Драган Тевдовски.

Тој во интервју за ТВ „Канал 5“ истакна дека прогресивен данок има во сите земји од Европската унија кон која се стреми и Македонија, како и во САД.

„Рамниот данок е карактеристика за социјалистичките земји кои немаа институции. Како ги подобруваа институциите, така се откажуваа од рамниот данок, рече Тевдовски.

Нагласи дека очекува да биде остварена проекцијата за раст на БДП од 3,2 отсто во 2019 година и додаде дека се покажува оти Министерството за финасии оди со кредибилни проекции.

„Добро е што економијата оди нагоре, пред се заради приватниот сектор. Во минатата година просечната плата порасна за 5,7 отсто, индустрискиот раст е скоро шест проценти, извозот има двоцифрена стапка на раст, стапката на невработеност е намалена на 20,8 отсто, што значи дека има речиси 14.000 нови работни места. Сето тоа покажува дека економијата се движи во добра насока. За годинава капиталните инвестиции се проектирани на 26 милијарди денари и ќе се реализираат со побрзо темпо со што ќе имаат поголем удел во растот на БДП“, рече Тевдовски.

Тој оцени дека е стабилизиран јавниот долг иако, како што рече, од минатата власт се оставени големи обврски за сервисирање.

Во 2016 година јавниот долг изнесуваше 48,8 отсто од БДП, а ланската година Македонија ја заврши со јавен долг од 48,2 отсто.

Драган Тевдовски министер Прогресивен данок раст цени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.