Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По 20 години меѓу стативи: Крај на сезоната за крај на кариерата на Петр Чех

0
By Нова ТВ on January 15, 2019 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 15, 2019 13:15

Крајот на сезоната ќе биде и крај на кариерата. По 20 години меѓу стативите, еден од најдобрите голмани на денешницата, Петр Чех (36) реши да се повлече од најважната споредна работа во светот. Одлуката на чешкиот голман е очекувана со иоглед на возраста, но и фактот дека освои се што можеше да освои во изминатите две децении.

„Ја играм 20 сезона како професионален играч. Толку поминаа од потписот на првиот професионален договор во мојата кариера. Мислам дека е вистинско време да навестам дека на крајот на сезоната се повлекувам“, објави Чех.

Во текот на кариерата тој бранеше за Бишани, за Спарта Прага, за Рен, за Челзи и за Арсенал. При објава на одлуката, Чех истакна дека ќе продолжи да работи напорно на тренинзите на „топчиите“ со надеж дека ќе освои макар уште еден трофеј до крај на сезоната.

„Настапувајќи 15 години во Премиерлигата го освоив секој трофеј што можеше да се освои. Мислам дека постигнав се што посакував“, дополни „единицата“ на Арсенал.

Чех на Островот пристигна во летото во 2004 година по трансферот од Рен во Челзи. Со екипата од „Стемфорд Бриџ“ освои вкупно 13 трофеи од кои еден во Лигата на шампиони и четири во Премиерлигата. Клупски рекордер е на „сините“ по бројот на меќеви без примен гол. Неговата мрежа беше мирна во 228 средби што е за 20 повеќе од претходното најдобро остварување на Англичанецот Питер Бонети во периодот меѓу 1960 година и 1979 година. Најсериозниот предизвик во кариерата го имаше во 2006 година, но не беше од спортски причини туку од здравствени. По судирот Стивен Хант во мечот со Рединг, Чех се здоби со сериозни повреди на главата по што мораше да носи заштитна маска со која настапува и денеска.

Кариера Петр Чех фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.