Рафаел Надал беше убедливо поразен во финалето на Австралија опен. На прес-конференцијата по мечот призна дека Новак Ѓоковиќ одиграл неверојатен тенис и заслужено славеше со 6:3, 6:2, 6:3.
„Новак одигра фантастично, а мене ми требаше нешто повеќе. Го немав тоа екстра оружје во финалето и беше неверојатно нивото што тој го демонстрираше. Изминатите две недели и јас бев извонреден, но пет месеци без натпревар и одеднаш вака голем предизвик. Тоа дефинитивно изостана на ова супер силно ниво“, истакна Надал.
Шпанскиот тенисер немаше проблеми со напаѓачкиот сегмент во шесте меча до финалето на Австралија опен. Ги доби без загубен сет меѓутоа на крајот се соочи со ривал што го притискаше од самиот почеток и постојано го принудуваше да се брани.
„На тренинзите работев квалитетно, но поради се што се случуваше во меѓувреме, операција и останати нешта, не можев да се фокусирам на играта во одбрана. За воопшто да имав прилика да минам во напад, морав против Ѓоковиќ да одиграм и во одбрана. Веројатно ќе беше тешко да го победам и да бев на сто отсто ама барем ќе имаше повеќе борба“, признава вториот светски рекет.
Место за тага, очај и незадоволство, вели, нема. Зад него се две одлични недели во Мелбурн и шест добри партии тенис, но имаше подобар од себе финалето од кого не загуби по првпат на начин на кој загуби.
„Мора да погрешите кога некој ве принудува да одиграте уште еден удар, па уште еден, па уште еден. Јас не можев да го натерам на тоа често“, истакна Надал.
Австралија опен за него беше прв турнир по Ју-Ес опен во септември, а во меѓувреме имаше и операција на десниот зглоб во ноември. И тоа не беше се што го забави неговиот пат во 2018 година. Почувствува болки со хроничниот проблем во колената, се соочи со истегнување на мускули во грбот, за абдоменални проблеми. Затоа ќе рече дека приоритет му е да биде среќен, а за да биде среќен мора да биде здрав што ќе биде единствен рецепт по кој ќе се води во наредниот период.