ПЗУ Поликлиника „Зегин медика“ е здравствена установа која обезбедува целосни здравствени прегледи и специјалистички здравствени услуги за сите оние што сакаат професионалност, удобност, ефикасност, како и дискретност.
МАТИЧЕН ЛЕКАР
Ги става пациентите на прво место со сеопфатна и evidence-based медицина. Тој модел на работа професионално е поддржан од страна на квалификуван медицински тим.
БИОХЕМИСКА ЛАБОРАТОРИЈА
Опремена со најсовремена апаратура, која овозможува висока точност на резултатите во строго контролирани услови – СО УПАТ ОД ВАШ МАТИЧЕН ДОКТОР МОЖЕТЕ ДА НАПРАВИТЕ СЀ НА ЕДНО МЕСТО
- рутински биохемиски анализи – крвни анализи и тестови што вклучуваат бубрежна функција, црн дроб, срце, специфични протеини, железо-индекси, гликемија, липиден статус, електролитен статус
- витамин Д
- тироиден статус
- хормони и тумор-маркери
- алерготестови
- хемостаза
- инфективни заболувања
- рутинско тестирање урина
ИНТЕРНА МЕДИЦИНА
(склучен договор со ФЗО)
Нашиот принцип на работа е базиран врз моделот patient – centered, што значи медицинскиот тим врши континуирано следење на вашето здравје во целост.
- Интернистички прегледи
- Ехо на абдомен
- Ехокардиографија
- Ехо на тироидна жлезда
- Ехо на дојки
- Полиграфија – дијагностицирање слип апнеа
- Доплер на каротиди
- 24 -72-часовен холтер (ЕКГ и ХТА)
- Алерголошки прегледи
- Дензитометрија – прегледи за остеопороза
МЕДИЦИНА НА ТРУДОТ
Задржување на вашите вработени здрави, безбедни и ефикасни. Нашата back to work-филозофија ја оптимизира грижата за пациентот и неговата продуктивност.
- Систематски и периодични здравствени прегледи на вашите вработени
- Лекарски уверенија за вработување
- Лекарски уверенија за суд и за странство
- Учество во елаборат за процена на ризик на работно место
- Управување со ризик-факторите
Зегин Медика
ЛЕКАР НА ВАШЕТО СЕМЕЈСТВО
*Маркетинг текст