Ливерпул не успеа да постигне барем гол на домашен терен и со 0:0 ќе патува на реваншот со Баерн во Минхен во осминафиналето во Лигата на шампиони. Но, „црвените“ од „Енфилд“ не губат надеж дека можат до резултат во Германија за четврт-финале. Особено оптисмист е капитенот Џордан Хендерсон кој вели дека ремито без голови не е најлош исход во фудбалската игра.
„Од една страна сум разочаран што не успеавме да дадеме гол, од друга страна сум задоволен што ја сочувавме нашата мрежа. Резултатот 0:0, сепак, не е најлош на светот. Одигравме на добро ниво, но нешто н` недостасуваше во завршната третина“, коментира Хендерсон.
Премиерлигашот имаше повеќе прилики пред голот на Мануел Ноер, особено во првото полувреме меѓутоа, се чини, напаѓачите на Јирген Клоп затаија во концентрацијата.
„Баерн има добар тим. Знаат да сочуваат топка во посед што делуваше помалку фрустрирачки. Но, немавме и среќа. Се е отворено. Мора да задржиме верба во нас дека можеме да зададеме удар на „Алијанц арена“. Ќе биде тешко, но имаме доволно искуство“, дополни капитенот на „црвените“.
Реваншот меѓу Баерн Минхен и Ливерпул е на 13 март.