Поранешниот американски амбасадор во Скопје, Филип Рикер ќе биде нов помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, објави грчкиот весник „Катимерини“ без притоа да го наведе изворот на информацијата.
Според грчкиот весник, Рикер доаѓа на местото на Вес Мичел, а должноста ќе ја презеде во март. Амбасадорската функција во Македонија ја извршуваше од 2008 до 2011 година.