НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Комисиско реми во Собранието: Вељаноски засега под имунитет и без притвор

0
By Нова ТВ on February 23, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Трајко Вељаноски го задржува пратеничкиот имунитет и останува на слобода во истрагата на Јавното Обвинителство за нарачателите на насилниот упад во Собранието на 27 април во 2017 година. Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања пред малку ја затвори дводневната расправа за поранешниот претседател на Парламентот и со нерешено гласање (4:4) ја пролонгира неизвесноста во неговиот случај.

Ремито не значи ниту одбивање на барањето за притвор ниту негово прифаќање, истакна претседателот на собраниската комисија, Павле Богоевски и дополни дека случајот ќе биде проследен до пратениците на пленарна седница.

Нерешениот резултат во гласањето е последица на отсуството на Агим Шаќири од владејачкото мнозинство поради здравствени причини.

Барањето за притвор на Трајко Велјаноски дојде од судија на претходна постапка од Кривичниот суд поради сомнение за организирање на настаните во Собранието на 27 април во 2017 година за што се обвинети и екс министрите Миле Jaнакиески и Спиро Ристовски, екс директорот на УБК, Владимир Атанасовски, разузнувачот Никола Бошкоски и поранешниот премиер, Никола Груевски.

Расправата за одземање на пратеничкиот имунитет на Вељаноски во изминатите два дена мина во жестока дебата меѓу пратениците од опозицијата и на парламентарното мнозинство. Со реплики, контрареплики и паузи, пратениците се расправаа околу оправданоста да му се одземе пратеничкиот имунитет на Вељаноски. Пратениците од опозицијата оценија дека се работи за политички прогон и предложија колективно на сите да им биде одземен пратеничкиот имунитет додека парламентарното мнозинство беше со став дека треба да се откријат организаторите на 27 април и да бидат изнесени пред лицето на правдата.

имунитет комисија Собрание Трајко Вељаноски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.