Карим Бензема „пука“ од самодоверба и веќе на полусезоната го надмина вкупнио ефект од лани. „Кралевите“ викендот го совладаа Леванте на Енис Барди со 2:1, а еден од двата гола за нив беше дело на Французинот кој на 40 средби во сезоната успеа да прослави 20 гола.
Напаѓачот на Реал Мадрид извршуваше „невидлива“ работа додека играше со Кристијано Роналдо и повеќе беше задолжен да асистира на Португалецот одошто да погодува. Тоа не е случај во оваа сезона, вели дека се чувствува препороден и свесен е дека заедно со Герет Бејл мора да го надополнат нивото на голови што го постигнуваше еден од најдобрите светски фудбалери.
„Претходно бев користен да играм за Роналдо. Секогаш се обидував да му помогнам да даде што повеќе голови. Сега, конечно, сум слободен да играм фудбал, сега сум лидер, сега сум прва опција во нападот. Бев во сенка на Роналдо, но дојде време да покажам колку погодоци можам да постигнам“, истакна Бензема за француски „Лекип“.
Бензема лани постигна 12 гола во дресот на Реал Мадрид додека 20 пати ги тресеше противничките мрежи во сезоната 2017/18.