Ликовниот уметник Филип Фидановски е избран за нов претседател на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) на денешното Собрание што се одржа во Скопје.
Нов потпретседател на ДЛУМ е Марјана Костојчиновска Узунчева, а дел од Управниот одбор се членовите Златко Бојковски, Христијан Санев и Шкипе Мехмети.
Дијана Томиќ Радеска ја доби довербата да биде претседател на Уметничкиот совет во кој ќе членуваат и Симонида Филиповска Китановска, Жани Гелевска, Марија Светиева, Маја Кировска, Новица Трајковски и Стефан Димовски.
Со ова се заокружува новата постава за четиригодишниот мандат на раководни тела што ќе застапува интереси на членовите на ликовниот еснаф, соопштуваат од ДЛУМ.