Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Аста ла виста за европскиот шампион: Ајакс е џелатот на Реал Мадрид (Видео)

0
By Нова ТВ on March 5, 2019 СПОРТ
Фото: zon.it
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 5, 2019 23:32

Европа ќе добие нов клупски фудбалски првак на 3 јуни на „Ванда Метрполитано“ во Мадрид. Ајакс, на сензационален начин, ја прекина тригодишната доминација на Реал Мадрид и со неверојатни 4:1 на „Сантијаго Бернабеу“ ги понижи „кралевите“ и се пласира во четврт-финалето на Лигата на шампиони.

Потписници на големиот триумф на „копјаниците“ беа Хаким Зиех во седмата минута, Давид Нерес во 18 минута, Душан Тадиќ во 62. минута и Ласе Шене со прекрасен гол од слободен удар во 72. минута. Играч на натпреварот, сепак, е српскиот интернационалец Тадиќ кој беше асистент за првиот и вториот гол на Холанѓаните по што и самиот се запиша во листата на стрелци.

https://www.youtube.com/watch?v=jPAyfqnTsFI

Реал Мадрид вечерва на својот тревник го прими, веројатно, најтешкиот удар во годината. Двапати загуби од Барселона, го заврши настапите во Копа дел Реј, во Примера заостанува огромни 12 бода, па надеж за спас на сезона им остана Лигата на шампиони. Но, и таа е минато за нив, а многу веројатно дека и клубот наскоро ќе биде минато за Сантијаго Солари. Убедливиот пораз од Ајакс и елиминацијата во осминафиналето е за очекување да значи и забрзување на постапката за тренерска смена во што, според медиумите, е решен Флорентино Перез.

Втор четвртфиналист во Лигата на шампиони е Тотенхем. „Спарси“ и во реваншот ја победија Борусија во Дортмунд со 1:0 и со вкупни 4:0 се проби меѓу најдобрите осум во ЛШ. Единствениот погодок на „Вестфален“ беше дело на Хари Кејн во 49. минута.

Утревечер нови два реванш натпревари во Лигата на шампиони. Екипата на ПСЖ го дочекува Манчестер јунајтед со големи 2:0 0д првата средба на „Олд Трафорд“ додека Порто на „Драгао“ ќе биде домаќин на Рома. Римјаните имаат 2:1 од „Олимпико“.

Лига на шампиони, осминафинале, реванши

Реал Мадрид – Ајакс 1:4 (2:1)

Борусија Дортмунд – Тотенхем 0:1 (0:3)

Во заграда се резултати од првите средби

Среда (21 ч.)

ПСЖ – Манчестер јунајтед (2:0)

Порто – Рома (1:2)

Ајакс Лига на шампиони Реал Мадрид фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.