НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски не ги сака Катица Јанева и нејзиниот тим во СЈО

0
By Нова ТВ on March 10, 2019 ВЕСТИ
Архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Работни групи на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ ќе го усогласуваат новиот Закон за јавно обвинителство, договориле на лидерската средба Заев и Мицкоски. Опозицијата бара Катица Јанева и нејзиниот тим да не се дел од СЈО.

„Новиот Закон за Јавното обвинителство го добивме во четвртокот и немавме многу време да се посветиме на супстанцата на Законот, но за ВМРО ДПМНЕ овој специјален обвинител го изгуби својот професионален кредибилитет за да ја добие нашата поддршка, вклучително и нејзиниот тим. Инаку принципиелно интегрирањето на СЈО во Јавното обвинителство може да го отвориме како тема, затоа што е дел од реформските закони, но правата и обврските на новото СЈО треба да бидат предмет на преговори“, рече Христијан Мицкоски претседател на ВМРО ДПМНЕ по средбата со Заев.

За разлика од Мицкоски, Заев кажа дека за „Владата е прифатливо СЈО да се вгради во Јавното обвинителство на чело со Катица Јанева и со целиот тим кои создадоа едно крајно добро“. Тој очекува да се постигне консензус за Законот со кој   се гарантира иднината на СЈО.

На прашање дали Заев е подготвен да прифати Јанева и нејзниот тим да не бидат дел од Законот, тој кажа дека на Јанева  мандатот и истекува на 15 септември, но „никому не можете да му ограничите правото повторно да се кандидира“.

„Давам целосна поддршка на Јанева и нејзиниот тим кои беа искрата за правда во оваа држава . Може и мене некој не ми се допаѓа, но институциите мора да се почитуваат“ кажа Заев.

Во Законот се лимитира користењето на прислушуваните разговори и тоа и дава право на опозицијата да го земе ова како алатка и да ги видиме како СЈО ќе се однесува и кон  владечката гарнитура, додаде Заев но кажа и дека бомбите нема да испарата и дека СЈО веќе има собрано и материјални докази врз основа на прислушуваните разговори.

ЕУ бара Законот за Јавното обвинителство да се донесе до крајот на март, до кога треба да бидат изгласани и останатите реформски закони од Планот 18.

На новинарско прашање дали  ќе се исполни рокот што го постави ЕУ , Мицкоски рече  „никогаш во животот не сум прифатил рок или ултиматум“.

Во однос на претседателските избори Заев и Мицкоски договориле „оперативна соработка на двата тима на  претседателсксите кандидати“.

„Сега немам гаранција дека процесот ќе биде фер и демократски, но затоа беше оваа средба Владата да може да се коригира и така ќе добиеме ден фер, демократски и идниот претседател ќе биде Силјановска – Давкова“ рече Мицкоски.

„Разговаравме најпрво за она што и е важно на опозицијата за изборите да бидат кристално чисти. Тоа е важно и за нас – овие избори на кои сме фаворити со Стево Пендаровски да бидат фер. Отворивме и разговор ако може ЕУ да обезбеди дополнителен мониторинг за одредени избирачки места“ кажа заев.

И двајцата се согласија дека е добро што дијалогот продолжил за релаксирање на односите, помирување и за кредибилен изборен процес.

 

 

 

 

Заев лидерска средба Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.