Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хенман: Надал е како Ф1 болид, Ѓоковиќ како „Тесла“, а Федерер е како „Ролс Ројс“

0
By Нова ТВ on April 6, 2019 СПОРТ
Фото: tenniscircus.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, April 6, 2019 15:55

Тим Хенман повлече паралела меѓу водечката тројка на АТП ранг листата со познатите брендови на автомобили. Легендарниот британски тенисер во разговор за „Сандеј Тајмс“ со споредба на Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер со „ѕверови“ на четири тркала.

„Рафа Надал е суров, гласен и мускулест. Едноставно тој е животно. Делува застрашувачки. Не е како Ламборџини. Тоа би биле премногу префинето. Ѕвер е, повеќе е како болид во Формула 1“, рече Хенман за шпанскиот ас.

Следно прашање се однесуваше на Новак Ѓоковиќ за кого Хенман даде интересен одговор. Српскиот тенисер го оцени со производ од погоните на „Тесла Моторс“.

„Неверојатно е брз и ефикасен, но не е баш најелегантен“, изјави Британецот кој ја прифати споредбата на Ѓоковиќ со американскиот производител на автомобили со седиште во Пало Алто во Калифорнија.

За крај го остави Роџер Федерер за кого имаше пофални зборови.

„Роџер, исто така, е многу силен, но и максимално избрусен. Кога тој игра, сè изгледа едноставно и совршено“, рече поранешниот британски адут на АТП турот.

Хенман почна со тенис во 1992 година како аматер за веќе наредната да навлезе во професионални води. Се пензионира во септември во 2007 година со 11 АТП титули, но ниту еднаш не успеа до гренслем трофеј. Негов најдобар пласман на Австралија опен беше четвртото коло (2000 година, 2001 година, 2002 година), а полуфиналето беше негов краен домет на Ролан Гарос (2004 година), на Вимблдон (1998 година, 1999 година, 2001 година, 2002 година) и на Ју-Ес опен (2004 година).

автомобили Новак Ѓоковиќ Рафаел надал Роџер Федерер споредба тенис Тим Хенман
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 7, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

ВЕСТИ May 7, 2026

Администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп претстави нова стратегија за борба…

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

May 5, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.