НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев во РЕК Битола: Со 20,4 милиони евра ќе се набават нови електростатски филтри

0
By Нова ТВ on April 7, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На 29 март беше распишан тендер за набавка и инсталација на нови електростатски филтри во РЕК Битола. Инвестицијата се проценува на 20,4 милиони евра што компанијата ги обезбедува од сопствени извори. Една од најзначајните компании во државна сопственост инвестира повеќе од 20 милиони евра кои сама ги заработила што значи дека минато се времињата кога Државните електрани кубуреа со струја, се увезуваше скапа струја и парите оделе во непотребни инвестиции. Сега ЕСМ е насочена кон произвдство на струја за задоволување на потребите на потрошувачите во земјата, а од неодамна врши и продажба на вишоци со што остварува добивка и за сопствениот и за државниот буџет.

Ова денеска го изјави премиерот Зоран Заев кој ја посети РЕК Битола и се сретна со директорот на АД ЕСМ Драган Миновски и директорот на РЕК Битола Васко Ковачевски, направи обиколка на производствените капацитети и реализираше средба со Управниот и Надзорниот одбор на компанијата.

„Инвестицијата во реконструкција на системот на електростатските филтри на РЕК Битола е дотолку позначајна што е најголема во областа на заштита на животната средина во земјава или барем во компанија во државна сопственост. Заштитата на животната средина во минатото беше запоставена, а сега претставува еден од приоритетите на оваа Влада. И ќе биде уште позначајна како Република Северна Македонија ќе чекори кон НАТО и Европската Унија, каде стандардите се на високо ниво“, нагласи Заев.

На почетокот на постапката за реконструкција на електростатските филтри во РЕК Битола, како што рече премиерот, се надоврзуваат и планираните тендери на Државните електрани за изградба на ветерен парк во Богданци – втора фаза и тендер за изградба на ветерен парк во Миравци, а на есен се очекува и почетокот на изградбата на топлификацијата кон Новаци, кон Могила и кон Битола.

Заев истакна дека Државните електрани ќе имаат владина поддршка во сите чекори и проекти што ги реализираат и ги планираат бидејќи, како што рече, без стабилен електроенергетски систем, нема стабилна држава.

ЕСМ Зоран Заев РЕК Битола струја
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.